Наслов

3 медали за нашите млади кик боксери во Полска

Македонската Кик бокс Јуниорско кадетска репрезентација на Европското првенство во Круница Здруј , Полска реди забележителни резултати. Имено до претпоследниот ден на Европското првенство освоени се 2 бронзени медали и еден сребрен кој денес би можел да се позлати.

Еве дел од резултатите на нашите претставници:

Марија Божиновска +70кг лајт контакт , го освои 3 то место и бронзата на татами против Лорен Бредшо од Ирска . Марија загуби на поени иако до крајот на третата рунда се водеше рамноправна борба. Сепак судиите одлучија победата да ја однесе Ирската претставничка.

Љупче Коцев -55кг лоу кик до бронзениот медал дојде со победа над Мартин Гулан од Хрватска од убедливи 3:0 на големо одушевување на присутните во салата во Круница Здруј во Полска.

Техниката и надмоќноста на младиот Коцев беа главна одлика во рингот. Освојување на среброто го запре Српскиот претставник Фазлија Реџепи и Коцев мораше да се задоволи со бронзениот медал.

На Елена Стојчевска + 70кг фул контакт, ждребот и беше наклонет и таа веќе има сребрен медал кој денес може и да се позлати. Таа попладне ќе се бори со Хели Цузич од Хрватска. 

Јовица Ивановски - 67кг кик лајт не успеа да се пласира во борбата за медал откако беше поразен од Николак Краус од Полска .

Стручниот тим кој го предводaт судијата и селектор Љупчо Стојчевски и тренерите Димче Кичевски и Ѓорѓи Вучков се задоволни од постигнатите резултати на своите избраници.

Членовите на Македонската јуниорско кадетска рeпрезентација се чуствуваат одлично, а гостопримството на домаќините е на ниво.

21 Септември 2013

За авторот