Балкански Планинарски средби „Попова Шапка 2015″

Викендов 20-21.06.2015 на Шапка се одржаа 18ите Балкански Планинарски средби „Попова Шапка 2015″. Погледнете дел од атмосферата. Фотографиите се од искачувањето на Титов врв од северна страна, свечената вечера и доделувањето на дипломи, изложбата на разгледници, прошетката и ручекот во Лешок. Прекрасни мигови. Благодараност до сите кои земаа учество на оваа манифестација!