167 што на МТБ?

42-годишниот Австриец Маркус Макс Штекл овој месец успеа да го сруши неговиот стар рекорд на најголема брзина постигната со МТБ точак. Да, 167 км/ч е новата бројка. 

Маркус заедно со шестчлената екипа го направија обидот во пустината Атакама на западниот брег на Чиле каде тој успеа да развие брзина од 167 км/ч на неговиот велосипед. Претходната најголема брзина беше исто така направена од него во 2011 година кога спуштајќи се по вулканот Серо Негро во Никарагва тој успеа да извози 164,95 километри на час. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија