10 опасни девојки и кулата во Куала Лумпур

Си се собрале така неколку екстремни женски глави под кациги и решиле да го рушат рекордот во најголемата женска група која скока base jump одеднаш. Сигурно целата оваа адреналинска доза оставила силен впечаток па видеото го крстиле base porn.

Секоја година бројни BASE скокачи од целиот свет се поканети на четири дневно скокање (плус 2 ноќни скокања) од кулата Куала Лумпур во главниот град на Малезија со што го демонстрираат BASE скокањето на медиумите и луѓето. Претходнава година во септември на тој собир се погодиле токму овие десет екстремни женски глави кои ја увиделе можноста да го срушат претходниот рекорд (8 жени) во најголема женска група која скока BASE одеднаш.

Видео број 1: За време на рекордот

Видео број 2: За време на сите четири дена, снимано од Суз Грам