Вештина за хуманост

На 24.05.2014 во ОУ „Партенија Зографски“ се одржа хуманитарен семинар за боречки вештини каде се собраа донации на за настраданите региони кај нашите соседи. Семинарот беше во организација на клубот „Д Стронгест и Рутс“ заедно со Алексовски Ивица, а на него учествуваа и кик бокс клубот „Горила“, џудо клубот „Миоки“, аикидо клубот „Хенбо“ и клубот за аикидо и џиу џица „Кобукан“

Собраната хуманитарна помош по завршување на семинарот беше предадена во Црвениот Крст на Р. Македонија.