Олимпискиот пламен на пат до Сочи

Од октомври оваа година олимпискиот оган го започна своето церемонијално патување кое треба да помине низ голем број дестинации пред да стигне на зимските олимписки Игри во Сочи во февруари 2014 година. Досега пламенот ги посети северниот пол и Интернационалната вселенска станица.