По повод 22-от роденден на Република Македонија, обединетата македонска дијаспора и Ajvar LLC успешно и истовремено ги организираа трите хуманитарни 5 километри на трчање и одење Ajvar 5K Run/Walk во Вашингтон, Њујорк Сити и Ан Арбор, Мичиган. Собраните придонеси ќе одат како хуманитарна помош за Домот за деца без родители „11ти Октомври“ во Скопје, а учесниците за возврат добија насмевки, доза рекреација и тегличка традиционален македонски ајвар.

Погледнете дел од прекрасните фотографии направени од Македонката Лидија Мусколино.