Вкусот на Скопје 2019
Датум на почеток:
23.02.2020
Време на почеток:
09:00
Локација:
НАСТАНОТ ЗАВРШИ
else: ?>Време до почеток
Инфо
Кога ќе се спомне пролет во Скопје, помислуваме на зелените прекривки на Градскиот парк, свежината на високите дрвја и неповторливите дружби со пријателите. Токму таму, во срцето на Скопје, љубителите на добрата храна ќе имаат можност да бидат понесени од целосен гастрономски хедонизам! ?
Станува збор за првото издание на фестивалот на улична храна “Вкусот на Скопје” кој ќе имате можност да го посетите на 18-19 мај. Овој дводневен настан ќе ги обедини најдобрите локални сендвичари и ресторани чии сочни специјалитети нема никого да остават рамнодушен! Ќе имате можност да дегустирате разноврсна улична храна и да се препуштите на фузијата од зачини, ароми и различни вкусови кои дефинитивно ќе Ви го задоволат апетитот. ???
“Вкусот на Скопје” има и своја едукативна страна – бројните учесници во програмата на дело ќе ги прикажат своите врвни кулинарски вештини и ќе ни приредат интересни демонстрации за готвење на нови рецепти и едукативни презентации за исхраната и здравјето.
За да дополнително го разубавиме паркот – во вечерните часови не очекува опуштање со локалните музичари…
Целата програма можете да ја погледнете тука: https://bit.ly/2VCtz0l
Известете ги своите пријатели и дојдете на еден поинаков викенд… Се гледаме на Школка! ?