Час за готвење „Протеински растенија“

Датум на почеток:

23.02.2020

Време на почеток:

14:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Здружението за социјални иновации „АРНО” во соработка со здружението „Слоу фуд Водно” и СУГС „Лазар Танев” на мениот ви нуди нова тура од 5 часови за готвење со инструктори-професионални готвачи.

Серија „Часови за готвење слоу фуд” продолжува на 23. 02.2019 (сабота) во 15:00 часот, со „Протеински растенија”.

Со помош на инструкциите на шеф Зоран Мајновски ќе имате можност да подготвите:

– хумус од наут со брускети од домат и босилок

– ќофте од леќа во сос од морков

– бисквит од бадем со мус од лешник и слатко од капини

На сите часови учениците-готвачи од СУГС „Лазар Танев” ќе бидат во улога на ваши асистенти и ќе бидат тука во секој момент за поддршка и помош.

На часот можат да присуствуваат максимум 10 учесници.

Цена: 1200 ден.

Со секој купен ваучер учесниците добиваат: намирници потребни за подготовка на јадењата, час од 90+ минути исполнет со дружење и забава, инструкции од искусни гастро-шефови, помош од учениците-готвачи и секако, можност да го споделат или понесат со себе јадењето кое сами го приготвиле.

За повеќе информации посетете го линкот или побарајте нè на следниве броеви:

077/855 832 или 070/537 384.

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија