ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО ВО ДАЛЕЧИНСКО ПЛИВАЊЕ – КОЗЈАК МАРАТОН

Датум на почеток:

27.02.2020

Време на почеток:

08:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Во организација на Пливачката Федерација на Македонија, сабота 31 Август 2013 г. на најголемата вештачка Акомулација Козјак, по прв пат ќе се одржи ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО ВО ДАЛЕЧИНСКО ПЛИВАЊЕ – КОЗЈАК МАРАТОН.

Техничката организација ќе ја превземе – ЈАСЕН, Јавно претпријатие основано од Владата на Република Македонија.

Основа цел на ова Државно првенство е преку систем од натпревари за предстојната Олимпијада, Република Македонија да обезбеди учество на свои претставници во олимписката дисциплина – далечинско пливање на 10км. Натпреваруањето согласно правлникот на Пливачката Федерација на Македнија ќе се одржи дополнително на 5км и 2,5км и тоа во сите категории на пливачи. Предвидените патеки имаат кружен тек на потегот од м.в Близанско во правец на мостот над Акумулацијата Козјак и назад.

Пристапен пат од Скопје е регионалниот пат Скопје / Марков манастир / Нова Брезница / Кула(ЈАСЕН) / “мост на Близанско” / Акумулација Козјак и од страната на Македонски Брод, с. Белица, викенд населба Борова Брезница / “мост на Близанско” / Акумулација Козјак.

Категорија:

2,5км (од 13 до 14 год.)
5км (од 15 до 17 год.)
10км (над 17 год.)

* Учесници на натпреварувањето можат да бидат само членови на клубови регистрирани во ПФМ.

* Обезбеден е награден фонд од 300.000,00 денари.

Автор

Дејан

Скопје

Македонија