Светски ден на ветрот

Датум на почеток:

23.02.2020

Време на почеток:

09:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Секоја година повеќе од 75 земји го прославуваат Светскиот ден на ветрот. Тоа е ден за промоција на ветрот, можностите кои ги има за преструктуирање на нашите енергетски системи, намалување на загадувањето предизвикано од нашите економии, зголемување на работни места и економски раст.

Овој ден е значаен за повеќе сфери, почнувајќи од производството на енергија, па сè до можностите за спортски активности.

Оваа година за прв пат и во нашата земја ќе го прославиме Денот на ветрот, со активности од повеќе области.
На настанот ќе имате можност да се запознаете со теми поврзани со енергијата на ветрот, фарма на ветер, трансформација на енергија и слично, за што ќе се погрижи тимот од Здружение за социоекономски развој и животна средина ЗОРБЕЕКС.

Воедно, од страна на тимот на Здружението за спорт и рекреација АКВА-ТЕРА, на настанот ќе бидe презентиран возбудливиот спорт „едрење на даска” (windsurf), ќе биде претставена опремата, техниките на едрење, започнувајки од вежби на копно, па сè до практично едрење на вода. Дополнително во текот на настанот ќе биде претставен и новиот тренд на активности на даска, стоечко веслање – StandUp Paddle.

Автор

Дејан

Скопје

Македонија