Проекција на филм „Војна на половите”
Датум на почеток:
03.06.2019
Време на почеток:
18:00
Локација:
НАСТАНОТ ЗАВРШИ
else: ?>Време до почеток
Инфо
Здружението за унапредување на меѓусебна доверба ТАКТ на 6ти март, среда, со почеток во 19 часот во кино Фросина, МКЦ ве поканува на проекција на филмот кој ја прикажува маестралната победа на тениската легенда Billie Jean King против Bobby Riggs. Филмот наиде на одлична филмска критика, а главните улоги ги толкуваат Emma Stone и Steve Carrel.
По проекцијата на филмот ќе следи презентација на граѓански и спортски организации кои работат на полето на родовата еднаквост, како и други забавно-едукативни активности. Влезот е бесплатен.
*филмот е рангиран трета категорија, не се препорачува за деца под 12години,за чие следење е неопходен надзор од родител или старател
Агенда:
19.00-21.00 Проекција на филм ,,Војна на половите”
21.00-22.00 Коктел и саем на граѓански организации
Настанот е поддржан од амбасадата на САД во Р. Северна Македонија и е во знак на одбележување на Меѓународниот ден на жената-8ми Март.