Наслов

When in Krusevo - Winter is here!
Локација: 
Крушево
Држава: 
Македонија
Датум: 
Петок, 8 Февруари, 2019 - 12:00

Контакт

Име и презиме: 
Outdoor Manifest - Krusevo
Twitter: 

После незаборавните летни авантури, имаме чест и привилегија да Ви го претставиме првиот снежен outdoor настан во Крушево, When in Krusevo – Winter is here!

На наше огромно задоволство, Ве покануваме на уникатниот outdoor фестивал When in Krusevo во зимски услови. Повелете на адреналинска снежна авантура низ прекрасната крушевска природа облечена во снежно руво. Длабоко земете 100% чист воздух и уживајте во неописливите зимски пејзажи и во погледите од кои ќе ви се одземе здивот.

Зимското издание на фестивалот, When in Krusevo – Winter is here! ќе се одржи од 08-10 Февруари 2019. Вклучува: чист воздух, фото тура, рекреативна пешачка тура, зимски тандем параглајдинг, дегустација на превкусни крушевски
специјалитети и луда забава.

Со љубов и почит,
Другарите од Outdoor Manifest

веб страна: http://winter.wheninkrusevo.mk
цена: 500 ден - индивидуална карта,
400 ден за групен билет (важи за спортски клубови, здруженија, фирми)

* Учесничкиот пакет содржи маичка со уникатна илустрација од ТхеМичо, алуминиумско ре-употребливо шишенце, како и подароци од нашите партнери.

* Со секоја карта ви следува оброк за време на Street Food евентот, варено вино, чај за време на паузите од планинарската тура во сабота и чај на пауза во Панорама Спа, за време на прошетката во недела.

* Со купената карта се стекнувате со право на попуст за сместување во објектите кои се објавени, како и попуст за зимски танедем параглајдинг!

-----------------ПРОГРАМА-----------------

ПЕТОК:
12:00 – 20:00 – Пристигнување на учесниците и подигнување на учесничкиот пакет, во Параглајдинг Инфо Центарот во Крушево,
21:30 – Забава во Кичен Бар – Сноу со DJ (ќе објавиме подоцна кој), бесплатен влез, како и резервација на маса за секој учесник.

САБОТА:
09:30 – 10:00 – Собирно место – Гумење (пред Спомен Куќа на Тоше Проески)
10:00 Трнување на рекреативна планинарска тура (околу 5 км), попатни паузи за чај во Adventure park Корија и ски центар Станич.
14:00 Собирно место Жичара, и спуштање кон градот
14:30-18:00 Денска забава со DJ Бапчу, дегустација на оригинални StreetFood рецепти со домашни крушевски колбаси, веге опција со печурки, варено вино (за секој учесник). Локација – тераса Олд Скул Кафе.
21:30 Забава со The Hounds во Олд Скул Кафе Крушево, бесплатен влез, како и резервација на маса за секој учесник.

НЕДЕЛА:
10:30 – 11:00 – Собирно место, парк Крушево (пред црква Св. Никола)
11:00 Прошетка низ крушевските сокаци со попатна пауза за чај во
ресторанот на Панорама Спа Крушево.
10:00-14:00 Зимски тандем параглајдинг , 1500 ден за секој учесник на фестивалот, обезбеден превоз од град до старт и назад.

За овој настан сеуште нема пријавено гости.

Мапа

П В С Ч П С Н
 
 
1
 
2
 
3
 
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
 
 
 
 
14
 
15
 
16
 
 
 
 
20
 
21
 
 
23
 
 
 
 
27
 
28
 
29
 
30
 
31
 
 
 

На Facebook