Наслов

Врв Боурика 1688м. Ниџе + Лутраки Грција
Локација: 
Ниџе
Држава: 
Hellenic Republic
Датум: 
Недела, 7 Јули, 2019 - 05:00

Контакт

Име и презиме: 
ЗПСК КОЖУФ Гевгелија

Планината Ниџе се наоѓа на крајниот јужен дел од нашата држава на границата со Грција, на македонска територија зафаќа вкупна површина од 689,4 км2, од кои 357,4 км2 над 1000 метри надморска височина, 82,2 км2 над 1500 метри и само 10,8 км2 површина над 2000 метри надморска височина.
Преку нејзиниот срт води државната граница помеѓу Македонија и Грција. Се протега во правец североисток-југозапад со највисок врв Кајмакчалан (2521 м.н.в.), но доста се истакнува и истоимениот врв Ниџе висок 2361 метри, а врвот Боурика се наоѓа на грчка територија.

П Р О Г Р А М А

Недела 07.07.2019г.
Поаѓање од Гевгелија во 05 - 00ч од пред спортска сала 26ти Април, со превозот се упатуваме до Лутраки Грција и продолжуваме до с.Орма каде што над селото ја стартуваме акцијата.
Стртуваме од 644м. и преминуваме низ река а потоа патеката продолжува со искачување преку местото Καθαρού Ρέματος, патеката е добро маркирана и води низ шума, со што е идеална и за летен период.
По 3 часа пешачење излегуваме на карактеристичен срт од каде се гледат врвовите Боурика и Докари, од овде уште 1 час искачување и пристигнуваме на врвот Боурика 1688м.
Од врвот Боурика има панорамски поглед, бидејки се наоѓа во најцентралниот дел од планината Ниџе и од овде се гледаат останатите врвови на Ниџе како Σκληρή Πέτρα, Άσπρο Σβώλο, Δόντι, Κιλιντέρκα, Σόκολ, како и планините Кожуф и Пајак.
По мала пауза на врвот се упатуваме назад по истата патека.
По пристигнување долу на превозот и завршување на акцијата, се упатуваме кон Лутраки ( Пожар ) каде ке направиме пауза од 2 часа.
Лутраки спаѓа во округот Пела , каде постојат минерални извори со температура на водата од 37 ° C, со извонреден хемиски состав. Топлата вода има медицински ефект а може да се користи и за пиење. Посетителите ја користат за бања и релаксација.

КАРАКТЕРИСТИКИ ЗА ПАТЕКАТА
Патеката е со должина од 5.5км во еден правец.
Старт на патеката од 644м.
Врвот е на 1688м.
Вкупно искачување 1154м.
Вкупно време за пешачење до врвот и назад 7 часа.
Патеката спаѓа во СРЕДНО ТЕШКИ патеки.

ПОТРЕБНА ОПРЕМА
-Соодветни чевли за планинарење
(по можност планинарски чевли)
- резерва облека
- Мантил за дожд

ЦЕНА
- превоз
20 учесници 700ден. (по особа )
( ЗПСК КОЖУФ Гевгелија за своите членови го покрива превозот во висина од 30% од вкупниот превоз ).
- оние кои ке користат бањи 2 eur и бањите 3 eur со топла термална вода 38 степени.
- исхрана ОД РАНЕЦ

Последен рок за пријавување 01.07.2019г. со уплата на аванс од 500ден.
Секој е должен да има сопствено патничко осигурување како и пасош.

ОРГАНИЗАТОР :
Здружение Планинарски Спортски Клуб КОЖУФ Гевгелија

ВОДИЧ :
Каркалашев Ристо
ЗПСК КОЖУФ Гевгелија

ПРИЈАВУВАЊЕ КАЈ :
Каркалашев Ристо
https://www.facebook.com/risto.karkalasev

НАПОМЕНА :
За акцијата е потребна добра психофизичка кондиција на секој учесник, водичот имат право на измени на програмата доколку временските услови не се поволни.

За овој настан сеуште нема пријавено гости.

Мапа

На Facebook