Врв 9/12: Голема Грива на Баба (2215 мнв)

Датум на почеток:

06.02.2019

Време на почеток:

04:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

На почетокот на јуни одиме по височините на Баба Планина на пелистерската планинска верига, да искачиме неколку врвови – двеилјадарки меѓу кои зацртан ни е ретко посетуваниот Голема Грива висок 2215 м.н.в., да видиме природни леднички планински езера – орлови (и) пелистерски очи, да уживаме во глетките на зелените и расцутени пелистерски ливади прошарани со бели снежни остатоци, да ја видиме Преспа на дланка и да уживаме во небесните планински убавини во јунскиот цут на природата.

1) Долга тура – трансверзала: ЛАВЦИ – НЕОЛИЦА – СКРКОВО – МУСА – ГОЛЕМА ГРИВА – ОРЛОВИ БАРИ – ГОЛЕМО ЕЗЕРО – НИЖЕПОЛЕ (срт околу долот на Сапунџица до Големо Езеро)

Патека на движење: село ЛАВЦИ (798 – 800 м.) – планинарски дом НЕОЛИЦА (1440 м.) – врв ОРЛОВО СЕДЛО (НЕОЛИЦА) (1863 м.) – врв ЦРНА СТЕНА (1909 м.) – врв СКРКОВО (2146 м.) – врв МУСА (2350 м.) – врв ГОЛЕМА ГРИВА (2215 м.) – езера ОРЛОВИ БАРИ (2050 м.) – „ФРАНЦУСКИ ПАТ” до гребен под врвот МРАЗАРНИК (2210 м.) – ГОЛЕМО ПЕЛИСТЕРСКО ЕЗЕРО и планинарски дом „ДИМИТАР ИЛИЕВСКИ – МУРАТО” (2218 м.) – патека по ДЕБЕЛ РИД (1796-1616 м.) – месност ЛАК ПОТОК кај викенд населба НИЖЕПОЛЕ (1100 м.)
Должина: 26,5 км (28 км)
Времетраење: 12 часа
Вкупна висинска разлика (деницелација): 2090 метри
Тежина: ТЕШКА (екстремна)
Вода: на 8 места: селска чешма во Лавци, Жабов Кладенец (1150 м.), чешми во и над пл. дом Неолица, чешма под пл. дом Димитар Илиевски на Големо Езеро, 3 чешми по патеката на Дебел Рид (по сртот и врвовите нема извори на вода во должина од 15 км и околу 5,5 часа – задолжително носење 2 литри во ранец)

2) Мала тура: НИЖЕПОЛЕ – ГОЛЕМО ПЕЛИСТЕРСКО ЕЗЕРО (со можност за одење до ОРЛОВИ БАРИ и ГОЛЕМА ГРИВА)

Патека на движење: месност ЛАК ПОТОК кај викенд населба НИЖЕПОЛЕ (1100 м.) – патека по ДЕБЕЛ РИД (1796-1616 м.) – ГОЛЕМО ПЕЛИСТЕРСКО ЕЗЕРО и планинарски дом „ДИМИТАР ИЛИЕВСКИ – МУРАТО” (2218 м.) со можност за поспремните за продолжување по „ФРАНЦУСКИ ПАТ” до ледничките езерца ОРЛОВИ БАРИ (2050 м.) – врв ГОЛЕМА ГРИВА (2215 м.) и назад
Должина: 10,5 км (17,5 км до Голема Грива и назад)
Времетраење: 6 часа (8,5 часа)
Вкупна висинска разлика (деницелација): 1118 метри (1283 м.)
Тежина: СРЕДНА тешка
Вода: чешми на 4 места од Лак Поток по Дебел Рид до Големо Езеро

Поаѓање од Скопје (02.06.2019): 04:00 h од паркингот на Пошта 2 (Железничка/Транспортен Центар).
Се патуваат 185 km во правец, со што целото патување трае 3,5 часа во правец, ве молиме бидете навремени за да тргнеме на време!!!
Почетокот на големата тура е на сред село кај чешмата и споменикот во селото Лавци во 07:30 h., за малата тура е кај детското одморалиште „Стрежево” во Нижеполе во 08:00 h.
Цена: 700 денари (600 денари превоз + 100 денари учество во предизвикот)
Се молат сите останати учесници и посетители кои ќе одат со сопствен превоз, да уплатат учество во акцијата од 100 денари (кои ќе се искористат за: изработување на значките и обезбедување на наградите за предизвикот „12 Врвови”, организирање голема 2 дневна забава на крајот на предизвикот, печатење маици, бележење и маркирање на планинарските патеки по кои ги искачуваме врвовите).

Пријавување (за целосно сигурно одење) најдоцна до петок 31.05.2019 во 17 часот, по телефони на : Марио Шаревски – 071 216 066; 078 323 661; 071 591 260 или во порака на facebook страницата на Планинарски предизвик „12 Врвови” задолжително со име и презиме и оставен ваш телефонски број за контакт (доколку сте целосно сигурни дека доаѓате).

УПАТСТВА:
– Тежината на турите е тешка со големо растојание и стрмнина, а големата тура е екстремно тешка со искачување на 5 врвови и долго растојание, поради што воопшто не се препорачува за почетници
– Временските услови ќе ги проверуваме на следниот линк од норвешкиот сајт за временска прогноза (https://www.yr.no/place/Macedonia/Bitola/Golemo_Ezero/long.html за Големо Езеро и https://www.yr.no/place/Macedonia/Other/Skrkovo/long.html – за Скрково)
– задолжително носење на облека соодветна на пролетни и потопли услови: добро разгазени планинарски чевли високи до глужд со 2 пара на чорапи (!!!) за заштита од триење и плускавци при долготрајното одење, резервна маица, јакна ветровка – шушкавец (доколку има најава за дожд кабаница – во ранец), крема за сончање, очила за сонце, капа, планинарски стапчиња. Поради веројатност од преминување на снежни јазици и длабоки снежни длапки пожелно е носење на гамашни.
– Мобилните телефони да бидат со полни батерии (најмалку 95%)
– Храна од ранец за време на турите (сендвичи, суво овошје, чоколадо и житни плочки, најмалку 2,5 литри вода, магнезиум и електролити)

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија