Наслов

Врв 9/12: Голема Грива на Баба (2215 мнв)
Локација: 
Баба Планина
Држава: 
Македонија
Датум: 
Недела, 2 Јуни, 2019 - 06:00

Контакт

Име и презиме: 
Планинарски предизвик „12 Врвови“

На почетокот на јуни одиме по височините на Баба Планина на пелистерската планинска верига, да искачиме неколку врвови - двеилјадарки меѓу кои зацртан ни е ретко посетуваниот Голема Грива висок 2215 м.н.в., да видиме природни леднички планински езера - орлови (и) пелистерски очи, да уживаме во глетките на зелените и расцутени пелистерски ливади прошарани со бели снежни остатоци, да ја видиме Преспа на дланка и да уживаме во небесните планински убавини во јунскиот цут на природата.

1) Долга тура - трансверзала: ЛАВЦИ - НЕОЛИЦА - СКРКОВО - МУСА - ГОЛЕМА ГРИВА - ОРЛОВИ БАРИ - ГОЛЕМО ЕЗЕРО - НИЖЕПОЛЕ (срт околу долот на Сапунџица до Големо Езеро)

Патека на движење: село ЛАВЦИ (798 - 800 м.) - планинарски дом НЕОЛИЦА (1440 м.) - врв ОРЛОВО СЕДЛО (НЕОЛИЦА) (1863 м.) - врв ЦРНА СТЕНА (1909 м.) - врв СКРКОВО (2146 м.) - врв МУСА (2350 м.) - врв ГОЛЕМА ГРИВА (2215 м.) - езера ОРЛОВИ БАРИ (2050 м.) - „ФРАНЦУСКИ ПАТ" до гребен под врвот МРАЗАРНИК (2210 м.) - ГОЛЕМО ПЕЛИСТЕРСКО ЕЗЕРО и планинарски дом „ДИМИТАР ИЛИЕВСКИ - МУРАТО" (2218 м.) - патека по ДЕБЕЛ РИД (1796-1616 м.) - месност ЛАК ПОТОК кај викенд населба НИЖЕПОЛЕ (1100 м.)
Должина: 26,5 км (28 км)
Времетраење: 12 часа
Вкупна висинска разлика (деницелација): 2090 метри
Тежина: ТЕШКА (екстремна)
Вода: на 8 места: селска чешма во Лавци, Жабов Кладенец (1150 м.), чешми во и над пл. дом Неолица, чешма под пл. дом Димитар Илиевски на Големо Езеро, 3 чешми по патеката на Дебел Рид (по сртот и врвовите нема извори на вода во должина од 15 км и околу 5,5 часа - задолжително носење 2 литри во ранец)

2) Мала тура: НИЖЕПОЛЕ - ГОЛЕМО ПЕЛИСТЕРСКО ЕЗЕРО (со можност за одење до ОРЛОВИ БАРИ и ГОЛЕМА ГРИВА)

Патека на движење: месност ЛАК ПОТОК кај викенд населба НИЖЕПОЛЕ (1100 м.) - патека по ДЕБЕЛ РИД (1796-1616 м.) - ГОЛЕМО ПЕЛИСТЕРСКО ЕЗЕРО и планинарски дом „ДИМИТАР ИЛИЕВСКИ - МУРАТО" (2218 м.) со можност за поспремните за продолжување по „ФРАНЦУСКИ ПАТ" до ледничките езерца ОРЛОВИ БАРИ (2050 м.) - врв ГОЛЕМА ГРИВА (2215 м.) и назад
Должина: 10,5 км (17,5 км до Голема Грива и назад)
Времетраење: 6 часа (8,5 часа)
Вкупна висинска разлика (деницелација): 1118 метри (1283 м.)
Тежина: СРЕДНА тешка
Вода: чешми на 4 места од Лак Поток по Дебел Рид до Големо Езеро

Поаѓање од Скопје (02.06.2019): 04:00 h од паркингот на Пошта 2 (Железничка/Транспортен Центар).
Се патуваат 185 km во правец, со што целото патување трае 3,5 часа во правец, ве молиме бидете навремени за да тргнеме на време!!!
Почетокот на големата тура е на сред село кај чешмата и споменикот во селото Лавци во 07:30 h., за малата тура е кај детското одморалиште „Стрежево" во Нижеполе во 08:00 h.
Цена: 700 денари (600 денари превоз + 100 денари учество во предизвикот)
Се молат сите останати учесници и посетители кои ќе одат со сопствен превоз, да уплатат учество во акцијата од 100 денари (кои ќе се искористат за: изработување на значките и обезбедување на наградите за предизвикот „12 Врвови", организирање голема 2 дневна забава на крајот на предизвикот, печатење маици, бележење и маркирање на планинарските патеки по кои ги искачуваме врвовите).

Пријавување (за целосно сигурно одење) најдоцна до петок 31.05.2019 во 17 часот, по телефони на : Марио Шаревски - 071 216 066; 078 323 661; 071 591 260 или во порака на facebook страницата на Планинарски предизвик „12 Врвови" задолжително со име и презиме и оставен ваш телефонски број за контакт (доколку сте целосно сигурни дека доаѓате).

УПАТСТВА:
- Тежината на турите е тешка со големо растојание и стрмнина, а големата тура е екстремно тешка со искачување на 5 врвови и долго растојание, поради што воопшто не се препорачува за почетници
- Временските услови ќе ги проверуваме на следниот линк од норвешкиот сајт за временска прогноза (https://www.yr.no/place/Macedonia/Bitola/Golemo_Ezero/long.html за Големо Езеро и https://www.yr.no/place/Macedonia/Other/Skrkovo/long.html - за Скрково)
- задолжително носење на облека соодветна на пролетни и потопли услови: добро разгазени планинарски чевли високи до глужд со 2 пара на чорапи (!!!) за заштита од триење и плускавци при долготрајното одење, резервна маица, јакна ветровка - шушкавец (доколку има најава за дожд кабаница - во ранец), крема за сончање, очила за сонце, капа, планинарски стапчиња. Поради веројатност од преминување на снежни јазици и длабоки снежни длапки пожелно е носење на гамашни.
- Мобилните телефони да бидат со полни батерии (најмалку 95%)
- Храна од ранец за време на турите (сендвичи, суво овошје, чоколадо и житни плочки, најмалку 2,5 литри вода, магнезиум и електролити)

За овој настан сеуште нема пријавено гости.

Мапа

На Facebook