Врв 4/12: Свински Камен на Скопска Црна Гора (1628 мнв)

Датум на почеток:

23.02.2020

Време на почеток:

04:30

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Новата 2019 година, воочи стара-нова година и Василица и во екот на новогодишните и божикните празници, ја започнуваме со трансверзална тура за искачување на четвертиот предвиден врв Свински Камен висок 1628 м.н.в. движејќи се од кумановскиот до скопскиот дел на Скопска Црна Гора!

Трансверзална тура: с. МАТЕЈЧЕ – врв СВИНСКИ КАМЕН (1628 м.н.в.) – с. РАШТАК

Патека на движење: село Матејче (500 м.н.в.) – Манастир „Успение на Пресвета Богородица” (12 век) КТ 1 (1005 м.н.в.) – гребен Смиљевица (1349 м.н.в) – врв Свински Камен КТ 2 (1628 м.н.в.) – месност и чешма Калеш Мара КТ 3 (1380 м.н.в.) – село Раштак (620 м.н.в.)
Вкупна должина: 23,6 км
Вкупно времетраење: 10 часа
Тежина: средно – тешка
Вода: 3 места – село Матејче, манастир Св. Богородица, Калеш Мара

Поаѓање од Скопје (13.01.2019): 05:30 h од паркингот на Пошта 2 (Железничка/Транспортен Центар).
Цена: 350 денари (250 денари превоз + 100 денари учество во предизвикот)

Пријавување (за целосно сигурно одење) најдоцна до петок 11.01.2019 во 17 часот, по телефони на : Марио Шаревски – 071 216 066; 078 323; 071 591 260 или во порака на facebook страницата на Планинарски предизвик „12 Врвови” задолжително со име и презиме и оставен ваш телефонски број за контакт (доколку сте целосно сигурни дека доаѓате).

УПАТСТВА:

– Тежината на патеката е средна и не се препорачува за почетници, особено поради должината и зимскиот период
– Временските услови се зимски и ќе ги проверуваме на следниот линк од норвешкиот сајт за временска прогноза (https://www.yr.no/place/Macedonia/Other/Svinjski_Kamen/)
– Се искачува среде зима и зимски временски услови заради што задолжително носење на потопла облека соодветна на зимски услови: подебела и потопла јакна (или polar) со заштита од врнежи, блузон, капа, ракавици, добро разгазени планинарски чевли високи до глужд, гамашни за одење низ снег, резервна маица, планинарски стапчиња. Препорачливо е носење на очила за сонце, челна ламба и батерија за осветлување.
– Мобилните телефони да бидат со полни батерии (најмалку 95%)
– Храна од ранец за време на турите (сендвичи, суво овошје, чоколадо и житни плочки, најмалку 2 литри вода)

Поради големата оддалеченост од почетната и крајната точка на турата околу 28 км. помеѓу селата Матејче (општина Липково – Кумановско) и Раштак (Скопско), доаѓањето со сопствен превоз е доста отежнато и потешко изводливо. Доколку се одлучат учесници за одење со свој превоз, се молат сите останати учесници и посетители кои ќе одат со сопствен превоз, да уплатат учество во акцијата од 100 денари (кои ќе се искористат за: изработување на значките и обезбедување на наградите за предизвикот „12 Врвови”, организирање голема 2 дневна забава на крајот на предизвикот, печатење маици, бележење и маркирање на планинарските патеки по кои ги искачуваме врвовите).

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија