Врв 2/12: Зајачница на Сува Планина (1760 мнв)

Датум на почеток:

11.05.2017

Време на почеток:

04:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Одиме на вистинска мини СПЕЛЕО-ТРАНСВЕРЗАЛНА тура со посета на 2 пештери, 1 пропаст и безброј вртачи и други природни реткости низ многу ретко посетуван предел на нашата Македонија.

Зајачница е врв, односно име на целиот гребен кој што се наоѓа токму на средишниот дел на зарамнетото планинско било на Сува Планина, која што претставува најсеверозападанта огранка на најголемиот по површина македонски планински масив – Мокра. Самата Сува Планината е варовничка и има изразит карстен рељеф, со големо изобилство на дупки, вртачи, јами, пештери, на југ се оди до врвот Мирска Вода, каде што продолжува во планината Караџица со познатите врвови Миленков Камен, Остри Врв, Убава. Патеката започнува од викендичките пред влезот на Патишка Река и за само 30-40 минути се стигнува до големата и величествена БОЗГУНОВА ПЕШТЕРА, чиј влез е доста широк односно со широчина од 9,5 метри и веднаш по него има сала широка 13 метри, а долга 25 метри, а преку еден отсек од 3 метри, се навлегува во главната сала на пештерата, каде на самиот врв има еден сталактит со обилк на човек, а во долниот дел на купата, напластите образуваат разни животински ликови како на лав, волк и др. Од овој дел преку еден канал долг 12 метри се навлегува во третата сала која е долга 20 метри и широка 10 метри. Бозгунова Пештера (или Шпела Бозгуни) за прв пат е истражувана во 1928, а поради големината на пештерата, покрај лилјаци во неа живеат и поголеми птици како бувови и соколи. Патеката продолжува со искачување до самиот срт каде се наоѓа уште една пештера, а непосредно крај самиот врв е познатата Пропаст. Оттука се скршнува кон север се до врвовите Габрулица и Остреш и висорамнината Шумјак над селото Нова Брезница, каде се наоѓа познатата СВЕТЛА (Ледена) ПЕШТЕРА, позната по минеролошкиот феномен – калцитни кристали со голема проѕирност и светла бела и жолтеникаво-златна боја. Самата пештера е од видот ледени пештери и зимно време со струењето на воздухот поради обликот на пештерата, која е во форма на чизма, од подот и таваницата на пештерата се создаваат импозантни ледени украси, а таа станува вистинска ледена убавица, по што поради ова и светлиот изглед го добила и името.

Почетна точка: Патишка Река, 07:00 h
Завршна точка: Нова Брезница
Должина на патеката: 16 км
Вкупно времетраење: 8 часа пешачњењ + 2 часа разгледување на пештерите = вкупно 10 часа
Тежина на акцијата: средно – тешка. Во почетниот дел има многу стрмен наклон по што по искачувањето на сртот започнува висорамнински предел се до врвот, а под него се оди и по широк колски пат над 10 м.
Задолжително носење на 2 литри вода и препорачливо носење и употреба на планинарски стапчиња.

Поаѓање од Скопје: 05:00 h од паркингот на Пошта 2 (Железничка/Транспортен Центар).
Пријавување и купување карти најдоцна до 03.11 во Планинарско Друштво Трансверзалец секој ден од 8 до 16 часот и состаноци во четврток од 19:30, Зоран Костадинов – 071 641 998, Марио Шарески – 071 216 066, продавницата кај студентски дом Кузман – СПУКМ од 8 до 20 ч..

Цена на превоз 400 денари (100 денари одат за организацијата на предизвикот). Се молат сите останати учесници и посетители кои ќе одат со сопствен превоз, да уплатат учество во акцијата од 100 денари, кои ќе се искористат за: изработување на значките и обезбедување на наградите за предизвикот „12 Врвови”, организирање голема 2 дневна забава на крајот на предизвикот, печатење маици, бележење и маркирање на планинарските патеки по кои ги искачуваме врвовите.

МОЖНОСТ ЗА МАЛА ТУРА:
За оние кои би сакале да ги посетат 2 пештери, а не би сакале да ја одат целата тура постои можност за мала тура: Одење од Патишка Река до Бозгунова Пештера – 45 мин. во правец, враќање и одење со превозот до Нова Брезница од каде се оди до Светла (Ледена) Пештера – 1,5 часа во правец. (Задолжително наведете при купување карта, за да се организира група и водич)

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија