Врв 2/12: Бејаз Тепе на Средна (1348 мнв)

Датум на почеток:

11.04.2018

Време на почеток:

04:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

На почетокот на ноември одиме на занимлива лесна тура со посета на природни реткости и важни историски знаменитости во крајниот источен дел на Македонија за искачување вториот врв за овогодинешната сезона – Бејаз Тепе висок 1348 метри надморска височина на планината Средна во областа Пијанец помеѓу Делчево и Пехчево. Се движиме низ многу густа борова зимзелена шума крај природната геолошка реткост на земјени песокливи кули во месноста Кукуље во пределот каде пред 142 години било кренато славното Разловечко востание на чие знаме за прв пат било извезено и гордо слободарски развеано нашето име МАКЕДОНИЈА!

Трансверзална тура: с.НОВ ИСТЕВНИК – врв БЕЈАЗ ТЕПЕ (1348 м.н.в.) – с. РАЗЛОВЦИ

Патека на движење: с. Нов Истевник – Балабанска Маала (740 м.) – Кукуље (850 м.) – врв Бејаз Тепе (1348 м.) – с. Разловци (690 м.)
Должина: 15 километри
Вкупно времетраење: 5 часа (3 часа искачување и 2 часа слегување)
Тежина: лесна
Вода: нема (неколку непроверени кладенци недалеку од врвот) – задолжително носење на 1,5 л. вода
Знаменитости на посета: прородна геолошка реткост на земјени облици „Кукуље” над с. Нов Истевник, Спомен дом на Разловечкото востание од 1876 во с. Разловци

Поаѓање од Скопје: 05:00 h од паркингот на Пошта 2 (Железничка/Транспортен Центар). Ве молиме за навремено доаѓање бидејќи имаме 200 км. патување во правец.
Цена: 800 денари (600 денари превоз + 100 денари учество во предизвикот + 100 денари оброк/гравче)
Mожно е доаѓање со сопствен превоз. Се молат сите останати учесници и посетители кои ќе одат со сопствен превоз, да уплатат учество во акцијата од 100 денари (кои ќе се искористат за: изработување на значките и обезбедување на наградите за предизвикот „12 Врвови”, организирање голема 2 дневна забава на крајот на предизвикот, печатење маици, бележење и маркирање на планинарските патеки по кои ги искачуваме врвовите).

Пријавување (за целосно сигурно одење) најдоцна до петок 02.11.2018 во 17 часот, на Марио Шаревски – 071 216 066, Верица Тодоровска – 070 342 787 и Лимонка Тасева – 071 591 260 или во порака на facebook страницата на Планинарски предизвик „12 Врвови” задолжително со име и презиме и оставен ваш телефонски број за контакт (доколку сте целосно сигурни дека доаѓате).

УПАТСТВА:

– Тежината на патеката е лесна и се препорачува и за почетници (не се искачува голема стрмнина, ниту има опасни делови)
– Временските услови најавуваат сончево и стабилно, но постудено време со есенски услови (https://www.yr.no/place/Macedonia/Other/Bejaz_Tepe/long.html) заради што е препорачливо носење потопла облека, јакна-ветровка и/или кабаница, капа и резевна маица (пожелно е да се има и лесна јакна ветровка во ранец).
– Мобилните телефони да бидат со полни батерии (најмалку 95%)
– Храна од ранец за време на турите (сендвичи, суво овошје, чоколадо и житни плочки, најмалку 1,5 литар вода)
– Ручек – гравче, салата и дружба во село Разловци

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија