Наслов

Врв 11/12: Радуч на Јабланица (2083 мнв)
Локација: 
Јабланица
Држава: 
Македонија
Датум: 
Недела, 12 Август, 2018 - 05:00

Контакт

Име и презиме: 
Планинарски предизвик „12 Врвови“

Во месец август го искачуваме малку познатиот врв Радуч (на местен говор нарекуван и како Радук), планински врв и засебен гребен на планината Јабланица, во западниот дел на Македонија. Неговата надморска височина изнесува 2.083 метри. Се наоѓа во крајниот северен дел на планината Јабланица по протегањето на нејзиниот срт, но е одделен од главното планинско било со длабоката долина на Лакавичка Река, поради што тој претставува засебен гребен поврзан со планинскиот масив кон југ. Радуч претставува најсеверниот врв на Јабланица, од кој започнува да се протега главниот планински срт во јужен правец, а од самиот врв ќе имаме глетка на Охридското и Дебарското Езеро, планините Стогово и Караорман и високите врвови Стрижак и Црн Камен на Јабланица.

1. Долга тура: МОДРИЧ - врв РАДУЧ - ДРЕНОК

Должина: 18 км
Времетраење: 8 часа
Тежина: средно - тешка
Опис на патеката: Патеката започнува од училиштето на сретсело во Модрич и се движи во западен правец преминувајќи преку Модричка Река и навлегувајќи најпрвин низ ретка нискостеблеста шума. По околу 2 часа патеката скршнува во јужен правец и низ густа букова шума и наизменично со тревнати и цветни ливади по што го достигнува широкиот колски пат по кој се стигнува до силните водни извори Прелог, од каде најпрво по јужен, а потоа навлегувајќи во долот на изворот Девојкина Вода во пределот Бачилиште во западен правец се достигнуваат двете бачила од каде се напушта шумата и во чело ни се претставува грамадниот Радуч. По околу 3,5 часа достигнуваме до врвот каде ќе поставиме и табла со името на врвот и спомен обележје во чест на Перо Атанасов - Црна Стрела. Оттаму движејќи се во северен правец по главниот срт и било, поминувајќи крај сипар слегуваме во густа букова шума, наместа и со ливади со зрели шумски јагоди и малини и движејќи со по граничната линија на македонско-албанската граница во должина од околу 5-6 километри, скршнуваме во североисточен правец и по гребенот Цер под врвот Ветерник навлегуваме на широкиот шумски пат до некогашната караула од каде достигнуваме до селото Дренок, каде ќе има и освежување.
Вода: 3 места (Модрич, предел на изворите Прелог, Тисје, Збињец, Девојкина Вода). Од Радуч до Дренок во времетраење од 4-4,5 часа не се поминува крај извор поради што е препорачливо носење на 2 литри вода.

Патеката е снимена и достапна во GPX фајл.

2. Кратка тура: МОДРИЧ - извори ДЕВОЈКИНА ВОДА - ДРЕНОК

Должина: 12 км
Времетраење: 5,5 часа
Тежина: средно - лесна
Опис на патеката: Патеката започнува од училиштето на сретсело во Модрич и се движи во западен правец преминувајќи преку Модричка Река и навлегувајќи најпрвин низ ретка нискостеблеста шума. По околу 2 часа патеката скршнува во јужен правец и низ густа букова шума и наизменично со тревнати и цветни ливади по што го достигнува широкиот колски пат по кој се стигнува до силните водни извори Прелог и Девојкина Вода, по што по истиот широк шумски пат во северен правец низ шумовит предел и ливади со шумски плодови и планински чај, достигнува ди селото Дренок.
Вода: 3 места (Модрич, предел на изворите Прелог, Тисје, Збињец, Девојкина Вода). Препорачливо носење на најмалку 1,5 литри вода.

Поаѓање од Скопје: 05:00 h од паркингот на Пошта 2 (Железничка/Транспортен Центар).
Цена: 700 денари
Mожно е доаѓање со сопствен превоз. Се молат сите останати учесници и посетители кои ќе одат со сопствен превоз, да уплатат учество во акцијата од 100 денари (кои ќе се искористат за: изработување на значките и обезбедување на наградите за предизвикот „12 Врвови", организирање голема 2 дневна забава на крајот на предизвикот, печатење маици, бележење и маркирање на планинарските патеки по кои ги искачуваме врвовите).

Пријавување (за целосно сигурно одење) и обезбедув секој работен ден од 8 до 16 и состаноци на друштвото во четврток од 19 до 21 најдоцна до петок 10.08.2018 во 17 часот, на Марио Шаревски - 071 216 066, Верица Тодоровска - 070 342 787 и Лимонка Тасева - 071 591 260 или во порака на facebook страницата на Планинарски предизвик „12 Врвови" задолжително со име и презиме (доколку сте целосно сигурни дека доаѓате).

УПАТСТВА:

- Тежината на патеките е тешка и средна и не се препорачливи за почетници (се искачува голема стрмина, во доста топол период од годината).
- Временските услови ќе бидат следени преку сајтот за временска прогноза: https://www.yr.no/place/Macedonia/Other/Drenok~791050/long.html) - За планинарење во летни услови е препорачливо носење на очила за сонце, капа и крема за сончање и резевна маица (пожелно е да се има и лесна јакна ветровка во ранец).
- Задолжително носење на планинарски стапчиња (за стрмни и каменести делови)
- Мобилните телефони да бидат со полни батерии (најмалку 95%)
- Храна од ранец

За овој настан сеуште нема пријавено гости.