Веливар 2373 м.н.в

Датум на почеток:

23.02.2020

Време на почеток:

04:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Неделата на 15 Јули, патот нè води кон врвот Веливар 2373 м.н.в. на планината Дешат, која се протега десно од Националниот парк Маврово.
Планината граничи со соседна Албанија и нуди прекрасен поглед кон Дебарската Kотлина, кон планината Бистра и врвовите Меденица и Карбула, кон целиот венец на Кораб, кон Проклетие и кон многу други планини и врвови
Целиот ден го поминуваме низ најразновидна природа и најживописни глетки во густа букова и дабова шума. Додека на сртот одиме низ ливади преполни со секакви шарени цветови, одиме на вистинско целодневно уживање.
Период е на највкусните шумски плодови!

ПРОГРАМА:
– Тргнување од паркингот пред Пошта 2 кај Железничка станица во Скопје во 06:00 часот. (без доцнење и успивање)
– Попатно застанување на автобуската каj хотел Карпош и CityMall, на автобуската кај кружниот во Ѓорче Петров и кај општината во Ѓорче Петров.
– Пристигнување во с.Жировница,8:00 часот.
– Искачување до врвот Веливар 2373 м.н.в.
– Патеката за искачаување и симнување е по истиот пат, сите кои неможат да се искачат, нека најдат соодветно место за одмор, можат таму да не причекаат да ги земеме за надолу. (со што предходно ќе се најават кај нашите водичи).

ОПИС НА ТУРАТА:
– Oд с.Жировница до врв Веливар има 1480 метри висинска разлика и 10 км во правец што ја прави турата СРЕДНА
(Налик на Крчин – за оние кои биле)
– За искачување до врвот потребни се околу 4:30 часа.
– За спуштање околу 3:30 часа
– По патот има две води едната е на 2,5км одалечена од стартот, додека пак другата е на 7км одалечена од стартот под самиот срт.
– 6 км сме во шума, 4 км сме на срт изложени на сонце по срт..

ПРИЈАВУВЊЕ, ПРЕВОЗ И ЦЕНА :
– Цената за превоз со автобус по лице е 550 денари.
– Плаќање најдоцна до сабота (14Јули) или до пополнување на местата.
– Информации: четврток #ПочниСоВодно, петок 17-19 и сабота 12-14 часот СквизМЕ.

– Стефанн ✆ 077-617 617
– Дејан ✆ 071-212 808

УПЛАТА НА Ж-Сметка
Примач : гуардианс оф нејчер – ај лав хајкинг груп маседониа
Банка : Стопанска банка – Скопје
С-ка бр: 200003122673462
***Уплата можете да извршите САМО со предходна консултација на телефоните горе.

ПОТРЕБНА ОБЛЕКА И ОПРЕМА:
– Разгазени планинарски чевли
– Планинарски стапчиња
– Капа за сонце, наочари за сонце, крема со заштитен фактор.

ИСХРАНА :
– Секој сам си носи храна од ранец (суво овошје, сендвичи, жен-шен , електролити и сл.)
– вода 2л.

НАПОМЕНА :
– Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици.
– Наведените планинарски акции се организирани и движењето се одвива во група предводена од организаторот и водичите.
– Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската акција доколку тој не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.
– Организаторот и водичите го задржуваат правото за измени на термините и редоследот на наведените планинарски акции, во зависност од временските услови и останати технички препреки

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија