Триезерски поход на Пелистер и Преспа

Датум на почеток:

23.02.2020

Време на почеток:

03:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

За завршетокот на месец септември по петти пат одиме на есенски викенд со вистинско уживање на падините на прекрасната Баба Планина и националниот парк Пелистер, одејќи на поход на 3 езера: Големото и Малото од Пелистерски Очи и Преспанското Езеро, со искачување на врвот Пелистер и посета на прекрасните преспански села Брајчино и Љубојно.

САБОТА 29.09.
Тргнување: од Скопје во 05 часот од Пошта 2 – Железничка, пристингување во с. Ниже Поле во 08:00 часот
Искачување до Планинарскиот дом „Димитар Илиевски – Мурато“ крај Golemo Ezero во должина од 3 до 3,5 часа по патеката низ Дебел Рид (има чешми на 3 места). Пристигнување и сместување во планинарскиот дом 11-12 часот.
За оние кои сакаат: Искачување на врвот Пелистер (2601 м.) – Антени со минување и пауза покрај Малото Пелистерско Езеро во траење од 2 – 2,5 часа или вкупно 4 часа (12 – 16 часот).
Враќање и уживање крај Големото Пелистерско Езеро. Ноќевање

НЕДЕЛА 30.09.
Тргнување од планинарски дом „Димитар Илиевски – Мурато“ крај Големото Пелистерско Езеро во 7 часот преку превојот кај Орлови Бари и камените реки на пределот Балтан Планина со спуштање низ густите шуми до селото Брајчино, од каде со превозот ќе продолжиме на капење и одмор на плажата Сливница на Преспанското Езеро по што заминуваме за Скопје.

Цена: 1100 денари
Пријавување: најдоцна до 27.09. кај Марио Шаревски – 071 216 066, купување карти: во Планинарско Друштво Трансверзалец (простории на СПУКМ секој ден од 8 до 16 ч. и состаноци во четврток од 20 ч.)

ВАЖНО: Поради ограничениот капацитет на планинарскиот дом, групата е ограничена и ќе се состави од првите 30 лица кои ќе купат карти.

УПАТСТВА:
– Задолжително е носење на добро разгазени планинарски чевли високи до глужд, а пожелно е носење на планинарски стапчиња особено за оние кои се (сметаат за) почетници.
– Деновите пред викендот се најавува заладување и врнежи, заради што е задолжително носење на топла облека со долги ракави и ногавици (особено за вечерните часови), кабаница за дожд и ветровка. (Временски прилики: https://www.yr.no/en/overview/daily/2-787138/Macedonia/Bitola/Pelister)
– Понесете и храна за 2 дена: подготвени сендвичи, житарки (енергетски плочки), свежо и/или суво овошје и јаткасти плодови. На патеката од Ниже Поле до планинарскиот дом имаме 3 чешми, а крај самиот дом има чешма со најстудената и убава вода во Македонија. На искачувањето кон врвот Пелистер (не ја знаеме состојбата со изворот под Малото езеро) и слегувањето кон Брајчино нема чешми и пожелно е да имате шишиња со 1,5 до 2 л. вода.
– Ѓубрето го собираме и носиме со себе се до Брајчино каде се првите контејнери за ѓубре

#УживајВоМАКЕДОНИЈА

Автор

Toni Ackovski

Скопје

Македонија