Три врва на Скопска

Датум на почеток:

23.02.2020

Време на почеток:

06:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

ПСК СЦГ организира планинарска тура на Скопска црна гора ТРИ ВРВА НА СКОПСКА.
Се искачуваат три највисоки врвови на Скопска црна гора, врв Здравец 1550 мнв, врв Црн камен 1585 мнв и врв Пржар 1626 мнв.
Стартна позиција последна автобуска во с.Љубанци 650 мнв,најпрво се искачуваме на врвот Здравец 1550 мнв потоа се движиме кон врвот Црн камен 1585 мнв преку месноста Башинец, за крај го искачуваме врвот Пржар 1626 мнв од каде се спуштаме до Спирова колиба 1450 мнв каде имаме поголема пауза. Од таму се спуштаме повторно до село Љубанци. Вкупна денивелација во искачување околу 1500 м и должина на патеката од 24 км.

Турата е средно тешка и е потребна добра психофизичка подготвеност и кондиција. Од опрема задолжително треба да се понесат планинарски обувки, стапчиња,кабаница, челна ламба/светилка, а од храна лесна храна/овошје и 1,5л течност. По патот ќе се изведуваат кратки паузи и поголема пауза на Спирова колиба во зависност од временските услови.

До с.Љубанци се оди со автобус бр.47 поаѓа од транспортен во 7.10 ч .
До село Љубанци може да се дојде и со сопствени возила на последна автобуска 47 бидејки турата е кружна и се враќаме на стартна позиција.

Старт на турата во 8.00ч.

Контакт телефон Ѓорѓи 070-230-526

Поздрав ПСК СЦГ

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија