Шести традиционален планинарски поход на ПСК Скопска црна гора
Датум на почеток:
23.02.2020
Време на почеток:
06:00
Локација:
НАСТАНОТ ЗАВРШИ
else: ?>Време до почеток
Инфо
Почитувани,
На 22.04.2018 г (недела) во организација на Планинарско спортскиот клуб Скопска Црна Гора од Скопје, ќе се одржи шестиот по ред Традиционален планинарски поход на Скопска Црна Гора МЕМОРИЈАЛЕН МАРШ ЧИЧКО СПИРО МИТКОВ.
ПРОГРАМА И ОРГАНИЗАЦИЈА НА НАСТАНОТ
За сите учесници задолжително е пријавување на следниот мејл [email protected] најдоцна до 20.04.2018 година.
За секој учесник се наплатува по 100,00 ден. учесничка такса во која е вклучен превоз на учесникот во два правци и организација на настанот.
Се повикуваат планинарските клубови да пријават список со број на учесници на горенаведениот мејл.
Место на поаѓање е Пошта 2, кај новата железничка станица -Транспортен центар.
Време на поаѓање за спортско планинарски поход:
пријавување по списоци 7.00 – 7.30ч.
поаѓање на автобуси 7.30ч до с. Љубанци
планирано време на враќање 18.00ч. во Скопје
Во продолжение детално инфо .
СПОРТСКО ПЛАНИНАРСКИ ПОХОД
с.Љубанци-патека Костените – врв Црн камен 1585 мнв – Спирова колиба 1490 мнв – патека Три чешми – с.Љубанци
Тргнување од с. Љубанци: 8.00ч.
Попатни паузи
Пристигнување на врв Црн камен : 12.00ч
Поаѓање од с.Љубанци за Скопје : 17.30ч
Пристигнување на Пошта 2 (нова железничка): 18.00ч.
Инфо околу патеката и упатства за учесниците
Турата е средно тешка и е наменета за психофизички спремни планинари.
Патеката е долга 20км. Сите учесници треба да се физички кондиционо подготвени, со себе треба да понесат доволна количина на вода и храна, според своите потреби. Потребно е со себе да понесат опрема за заштита на телото од влажни услови и добро разгазени обувки. Доколку се увиди дека некој од учесниците не е соодветно опремен/подготвен, можно е да добие препорака од водичите да не учествува во походот.
Доколку и покрај препораките, учесникот самостојно одлучи да го продолжи походот, сам одговара за евентуалните последици од несоодветната подготвеност.
Секој учесник доаѓа сам и учествува сам на своја одговорност.
Задолжително да се почитуваат водичите на групата (учесниците да не се движат пред првиот и позади последниот водич). Водичите ќе бидат препознатливи по жолтите маички кои ќе ги носат на кои стои амблем на клубот.
– исхрана од ранец секој самостојно
– мимимум 2 л вода
– дополнителни потреби од ранец, секој самостојно
– планирано време за походот 8 часа
– време на активно движење 6 часа
– активно време на искачување 4 часа
– активно време на спуштање 2 часа
– разлика во денивелација 950 мнв
– почетна позиција 660 мнв
– највисока позиција 1585 мнв
Водичи: Ѓорѓи Петровски , Бојана Дражиќ и Вело Стојановски
Контакт: Ѓорѓи Петровски (070 230 526)
Бојана Дражиќ(078 478 277)
Вело Стојановски(071 264 192)
Напомена: Понесете планинарска книшка за печат од врв Црн камен .
Веб страна на Клубот
www.pskscg.mk
ФБ страна на Клубот
https://www.facebook.com/pkskopska.crnagora.5
Со почит,
Планинарско спортски клуб
Скопска Црна Гора
Скопје
Претседател
Ѓорѓи Петровски