Селечка Планина, марш „Томе Темелкоски – Влечкарот“

Датум на почеток:

23.02.2020

Време на почеток:

03:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

На ред е Селечка Планина со нејзините убавини. За прв пат се приклучуваме кон акцијата на пријателите од П.К.Мамути – Прилеп, кои по втор пат го организираат овој марш – „Томе Темелкоски – Влечкарот”

ОПИС НА МАРШОТ:

СТАРТ: 08:00 часот од манастирот Св.Димитријa – с.Селце

– Турата е кружна и се опфаќа едната половина од Селечка Планина.
– Должина на патеката е 15 км.
– Планирано пешачење: 5 – 6 часа
– Се совладува висинска разлика од 950 метри
– Турата е средно тешка, секој љубител на планинарењето и планинар – почетник може да ја испешачи и да ужива во убавините на Селечка.

ПАУЗИ: Првата пауза е на локалитетот Домајчинско Чешмуре (10-15 минути); Втората пауза е кај карпата наречена Сурато (5-10 минути); Трета пауза (за поручек) е местото викано кај Стоговите (15-20 минути):Четврта пауза е во Планинарскиот дом Томе Темелкоски каде е обезбеден чај за секој учесник(15-20 минути).

ЗНАМЕНИТОСТИ:Во текот на патеката ќе ги посетиме: споменикот Устрелец, Планинарскиот Дом – Томе Темелкоски, спомен чешмата на Миле Хаџиристески, окното на неактивниот рудник за ураниум, повеќе специфични карпи кои се општо познати како Врапчето, Желката, Стогот, Суратот и симболот на слободните планинари Момата. Исто така ќе поминеме и во подножјето на врвот Чуле кој не е вклучен во програмата на маршот.
Попатно има неколку чешми со чиста планинска вода.
Организаторот обезбедува чај и планинарско гравче за секој учесник.
:
ПРИЈАВУВАЊЕ, ПРЕВОЗ И ЦЕНА:
– Цената за превоз од Скопје е 550 денари по лице.
– Пријавување и информации најдоцна до петок (13 Април) до 15:00 кај
– Дејан ✆ 071-212 808
– Хари ✆ 077 -743 599

УПЛАТА НА Ж-Сметка
Примач : гуардианс оф нејчер – ај лав хајкинг груп маседониа
Банка : Стопанска банка – Скопје
С-ка бр: 200003122673462

ПОТРЕБНА ОПРЕМА И УСЛОВИ:
– психофизичка подготвеност за пешачење
– удобни чевли.
– доколку е потребна друга опрема, накнадно ќе бидете информирани

ИСХРАНА:
– секој сам си носи исхрана од ранец;
– вода 2 л.;
– суво овошје, сендвичи и сл.
– прибор за гравче!!!

НАПОМЕНА:
– Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици;
– Наведените планинарски акции се организирани и движењето се одвива во група предводена од организаторот и водичите.
– Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.
– Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.
– Организаторот и водичите го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки.

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија