Наслов

Сараево и Прењ
Локација: 
Прењ
Држава: 
Bosnia and Herzegovina
Датум: 
Четврток, 8 Ноември, 2018 - 11:00

Контакт

ПЕД "Guardians of Nature - I love hiking group Macedonia" ве носи во ноември во Босна и Херцеговина.
Турата е за уживање и качување, доколку НЕ сте љубител на искачување на врвови, тогаш ќе си поминете 3 дена во Сараjево. ПРЕЊ е планински венец во динарските Алпи во јужна Босна и Херцеговина. Името Прењ е изведено од Перун, врховно божество на словенската митологија. Планините на Прењ беа дел од фронтот за време на војната во Босна 1992-1995 година,
На врвовите има типични доломитски карактеристики со вертикални карпести лица, зголемени над зелените алпинистички долини и густи мешани шуми

ПРОГРАМА:
- Тргнување од Скопје во четврток 8 Ноември во 20 часот
- Пристигнување во Сарајево утрото во Петок, доручек во баш чаршија.
- Сместување во Хотел во стариот дел на градот над Баш Чаршија.
- Посета на извори на реката Босна. (опционално)
- Сместување во градот
- Рано легнување

САБОТА
- Тргнување кон Прењ која е на 80 км од Сараево
- Искачување на врвот Зелена Глава 2115метри
- Дружење со планинарите од ПД."Височица"
- Враќање во хотелот во Сарајево, слободни активности
- Забава во ноќните клубови.

НЕДЕЛА
- Утро во чаршијата, мал шопинг и тргнување кон Скопје најдоцна до 10 часот.
- Пристигнување во Скопје, Железничка станица најдоцна до 22:30 часот.

*** Правила на однесува за време на искачувањето
- Водич Мустафа Чутахија,
- Одењето е во колона по еден
- Одделување од групата и напуштање на патот е само со дозвола на водичот, причина непознат терен на динарски алпи.
- На две третини од патот до врвот имаме планинарска куќа, сите што не качуваат можат таму да го поминат денот. Куќата е засолниште за планинарите.
- Искачувањето е можно по 4 различни патеки.
Сите детали за Зелена глава ќе бидат додатно ставени во Дискусија на ивентот.

ПРИЈАВУВАЊЕ И ПЛАЌАЊЕ
Превозот е со 2 комбиња
ЦЕНА изнесува 95 евра
Во цената ИМА ВКЛУЧЕНО, пат до Сарајево, пат до Прењ, две ноќевања во хотел во Сарајево, грижа на планината, тим на професионални водичи со искуство од 4 години, кои водат од 100 до 400 луѓе, на тура, на планина.

Mинимум пријавени 6, по комбе, за да се одржи акцијата.

ПРИЈАВУВАЊЕ КАЈ
Дејан ✆ 071/ 212 808

Со уплатата се согласувате на се што е пропишано во ивентот.

ПОАЃАЊЕ
Поаѓање од Пошта 2 на Железничка станица во 20:00 часот. Четврток 8 Ноември.

ПОТРЕБНА ОБЛЕКА
- Разгазени планинарски чевли
- Планинарски стапчиња
- капа,
- ракавици ,
- топла јакна,
- Кацига (секој сам си обезбедува) (во зависност по која патека ќе се качуваме, на некој патеки не треба кацига, на некој треба)

ИСХРАНА
Секој сам си носи исхрана од ранец,

НАПОМЕНА :
** Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици, наведените планинарски акции се организирани и движењето ке се одвива во група предводена од организаторот и водичите. Организаторот и водичите имаат право да исклучат член, пред стартот на планинарската акција, доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.
** Организаторот и водичите го задржуваат правото за измени на термините и редоследот на наведените планинарски акции, во зависност од временските услови и останати технички препреки

За овој настан сеуште нема пријавено гости.

Мапа

П В С Ч П С Н
 
 
 
 
 
 
 
5
 
6
 
 
 
 
 
 
12
 
13
 
 
15
 
 
17
 
 
 
 
 
 
 
24
 
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30
 
 
 

На Facebook