Салаковски Езера 2013-та

Датум на почеток:

27.02.2020

Време на почеток:

04:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Почитувани планинари,

Спортското планинарско друштво “Драчево” во чест на државниот празник 08 септември- независноста на Македонија, по 6-ти пат организира планинарско дружење на “Салаковски Езера”.
Ве покануваме за ваше учество со што ќе дадете придонес за одбележување на државниот празник.

Поздрав и до скоро видување на Салаковски Езера!

Програма

14.09.2013

06:00 собирање и поаѓање на паркингот пред поштата во н.Драчево со организиран превоз;
07:00 пристигнување во с.Црн Врв и поаѓање кон Салаковски Езера;
11:00 пристигнување на Салакови Езера ( 2180 м.н.м) со можност за искачување на врвот Убава(2355 м.н.в);
12:00 поаѓање кон П.Дом Караџица;
17:00 пристигнување во П.Дом Караџица -Заеднички ручек, и вечерна забава

15.09.2013

Претпладневни прошетки во околината на П.Дом Караџица;
16:00 поаѓање кон Преслап преку Круша;
18:30 пристигнување на Преслап и враќање кон Драчево со организиран превоз;
19:30 пристигнување во Драчево;

Напомена:

– Групата се води од водичи одредени од организаторот. Не е дозволено отстапување од програмата без дозвола од организаторот. Секое непочитување на програмата и наредбите на водичите го иззема организаторот од било каква одговорнност кон тие учесници.
-Секој учесник мора да носи сопствена храна. Од организаторот ке биде обезбеден еден оброк во сабота.
– Превозот, ноќевањето и оброкот во Пл.Дом Караџица чинат 700 денари.
– Заинтересираните за турата можат да се информираат и закажат на: 078-431-824 Филип
[email protected].
– Организаторот го задржува правото на измени во програмата во зависност со условите на теренот.

Задолжително е да резервирате места најдоцна до 12.09.2013 год.

Автор

Дејан

Скопје

Македонија