Родители и деца во епизодата: Суперхерои

Датум на почеток:

23.02.2020

Време на почеток:

09:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

ПЛАНИНАРСКО СПОРТСКО ДРУШТВО МАКПЕТРОЛ СКОПЈЕ

Ве поканува на планинарска акција – Родители и деца во епизодата: Суперхерои

Опис на акцијата: Суперхерој е човек кој поседува натприродни или супер-човечки моќи, посветен на победата на доброто над злото во Универзумот, заштитник на луѓето, сите живи суштества и природата. По патеката Горно Соње – Врв на Водно, на оваа супер-акција ќе ги запознаеме нашите Суперхерои: Супер-Маркацист, Супер-Планинар, Супер-Тркач, Супер-Велосипедист, Супер-Качувач и Супер-Спасувач кои ќе ги претстават нивните супермоќи и супер-орудија.

Должина на патеката: 5.7 km.

Висинска разлика: 340 m.

Стартна точка на искачувањето: Горно Соње, пред црквата Св. Никола во 10:00 часот

Опис на патеката: Учесниците кои ќе доаѓаат со автобусот број 58а и/или б ќе ги пречекаат наши водичи на автобуската станица од која води асфалтен пат до Горно Соње (околу 15 минути) од каде заедно со групата пристигната со сопствени возила тргнуваме заедно нагоре.
По излезот од селото патеката врти десно и по кусо време влегуваме во борова шумичка во која правиме краток одмор со нашите Суперхерои. Патеката е блага и лесна за одење. Продолжуваме низ живописната шумичка запознавајќи уште некои од Суперхероите. Надвор од боровите шумички патеката минува опкружена со темно сини и црвени смреки. Пред врвот проаѓаме уште низ две помали борови шумички. Така доаѓаме под една карпа каде што правиме пауза, и повторно откриваме нови Суперхерои! Наскоро потоа стигнуваме на врвот со сите Суперхерои кои сме ги сретнале или запознале по нашата суперхеројска патека, во домот Даре Џамбаз на 1060м. Се враќаме назад по истата патека.

Напор: Патеката е супер-лесна, со супер-брзина прилагодена на способноста на најмалите Суперхерои.

Времетраење на супер-акцијата (вкупно): 4-5 часа

Задолжителна опрема за Суперхерои:
• Супер-Планинарски СУПЕР-ВИСОКИ супер-топли чевлички или супер-чизмички (никако патики)
• Супер-топла непамучна облека соодветна на времето, супер-волнено капче, 2, 3 пара ракавички (водонепропустливи по можност), облека за преслекување. наочарчиња за сонце (ако бидат потребни)

Храна за Суперхерои: Од ранче. Вода 1л.

Планинарски водичи: Јовица Апостоловски, Ирена Диков, Љубица Матевска, Христифор Саракинов, Велимир Граорковски

Цена: –
Пријавување: најдоцна до 21.12.2018, петок

Лица за контакт: Јовица Апостоловски 070 864 555, Ирена Диков 070 325 618, Љубица Матевска 071 390 626, Христифор Саракинов 071 333 263, Велимир Граорковски 078 260 617

Напомени:

• Во случај на неповолни временски услови акцијата навреме ќе биде откажана
• Учесниците во акцијата се должни да ги почитуваат насоките на водичите. Во спротивно самите се одговорни за несаканите последици.
• Водичите имаат право да исклучат учесник/-ци на акцијата на почеток или во текот на акцијата доколку не ги почитуваат објавените насоки, не ја поседуваат соодветната планинарска опрема и не ги почитуваат насоките на водичите.
• Водичите го заддржуваат правото на промена на условите на објавената акција согласно условите на теренот.

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија