Родители и деца во епизодата: На буквата, на буквата – О
Датум на почеток:
23.02.2020
Време на почеток:
08:00
Локација:
НАСТАНОТ ЗАВРШИ
else: ?>Време до почеток
Инфо
ЗДРУЖЕНИЕ ПЛАНИНАРСКИ СПОРТСКИ КЛУБ МАКПЕТРОЛ СКОПЈЕ
Ве Поканува на планинарска акција – Родители и деца во епизодата: На буквата, на буквата – О
Опис на акцијата: Горно Соње-Крстовар-Горно Соње по јужните падини на Водно
Должина на патеката: 5.7 km.
Висинска разлика: 340 m.
Стартна точка на искачувањето: кај дрвениот патоказ ул. Вилин Дол во центарот на Горно Соње, во 09:00 часот
Опис на патеката:
Групата се собира малку над црквата Св. Никола Летен во Горно Соње. Го следиме патоказот ул. Вилин Дол кој не носи кон излезот на селото, во долот на вилите. Откако вилите ќе ни ја проверат О, опремата, и заедно со верверичките и птичките ќе ни помогнат да дозашиеме, поднаместиме или затегнеме правилно делови од О, опремата, планинарските водичи ќе ни објаснат како да се О, однесуваме со водичите, другите учесници и О, околината, за време на планинарска акција. И тука сме, во долот на вилите, на излезот од селото, каде почетокот на нашата патека го означува едно листопадно дрво на чие стебло има жолто-црвена лентова О, како ознака, наречена маркација од каде патеката врти десно и по кусо време влегуваме во борова шумичка во која правиме краток О, како одмор. Патеката е блага и лесна за одење. Шумичката е волшебна. Доволно волшебна за да се изгубиш во неа. Губење? Оооо, па тоа е О, опасност. Но ние, намерно и безбедно ќе се обидеме да залутаме! Малку ќе се загубиме за повторно да се најдеме. Ќе се тргнеме од маркираната патека низ иглолисната шума за да научиме да се О, ориентираме на север, во правец на патеката кон Крстовар на Водно. А Водно е на север или на северо-исток од шумичката? Ќе ни покажете со прстињата? И О, како оп, ќе излеземе од волшебната, боцкава од иглички, шума. Надвор од боровите шумички патеката минува опкружена со темно сини и црвени смреки. О, ознаките на камењата ретко продолжуваат по патеката кои служат за О, ориентација. Пред последната иглолисна шумичка позади нас изникнува прекрасен видик на околните врвови јужно од Водно, на масивите Јакупица, Караџица и Голешница. О, опиени од убавина доаѓаме под една карпа каде што правиме пауза, и зборуваме повеќе за О, околината и што тоа ние правиме или не правиме за да ја заштитиме? Наскоро потоа пристигнуваме на врвот во планинарскиот дом Даре Џамбаз на 1060 m, на подолг О, како одмор, со интересни игри. Се враќаме назад О, ориентирани по истата патека.
Напор: Патеката е лесна, со брзина прилагодена на способноста на најмалите учесници.
Времетраење на акцијата (вкупно): 4-5 часа
Задолжителна О, како опрема:
• Планинарски ВИСОКИ топли чевлички или чизмички (никако патики)
• Топла непамучна облека соодветна на времето, топла јакничка и пантолончиња, дебели чорапчиња, втор пар во ранче, волнено капче, ракавички, шалче или банданичка за околу вратче, облека за преслекување. наочарчиња за сонце и крема за заштита од сонце (ако потребни)
Храна: Од ранче. Вода 1л.
Тргнување од: Бидејќи сите се грижиме за О, околината, препораката на планинарскиот клуб Макпетрол е до стартната позиција на акцијата да пристигнеме со редовен автобус на ЈСП кој сообраќа на тој потег. Учесниците кои ќе доаѓаат со автобусот број 58а и/или б ќе ги пречекаат наши водичи на автобуската станица од која води асфалтен пат до Горно Соње (околу 15 минути) од каде заедно со групата пристигната со сопствени возила тргнуваме кон Крстовар на 1066 m. На web страната на ЈСП може да се провери возниот ред по станици.
Планинарски водичи: Јовица Апостоловски, Ирена Диков, Љубица Матевска, Велимир Граорковски, Стојан Хаџи-Јевтимов
Цена: –
Пријавување: ЗАДОЛЖИТЕЛНО, најдоцна до (петок 22.02.2019 )
Лица за контакт: Јовица Апостоловски 070 864 555, Ирена Диков 070 325 618, Љубица Матевска 071 390 626, Велимир Граорковски 078 260 617, Стојан Хаџи-Јевтимов 075 315 213
Напомени:
• Планинарската акција ќе биде медиумски покриена од МРТ ( со видео сегменти ќе се покрие целиот ден во репортажна емисија )
• Во случај на неповолни временски услови акцијата навреме ќе биде откажана
• Учесниците во акцијата се должни да ги почитуваат насоките на водичите. Во спротивно самите се одговорни за несаканите последици.
• Водичите имаат право да исклучат учесник/-ци на акцијата на почеток или во текот на акцијата доколку не ги почитуваат објавените насоки, не ја поседуваат соодветната планинарска опрема и не ги почитуваат насоките на водичите.
• Водичите го заддржуваат правото на промена на условите на објавената акција согласно условите на теренот.