Родители и деца на Водно

Датум на почеток:

10.06.2018

Време на почеток:

07:30

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

ПЛАНИНАРСКО СПОРТСКО ДРУШТВО МАКПЕТРОЛ СКОПЈЕ

Ве Поканува на планинарска акција – Родители и деца на Водно

Опис на акцијата: Св. Пантелејмон (Македонско село) – Врв Водно – Св.Пантелејмон. Кружна тура.
Должина на патеката: 6.5 km.
Висинска разлика: 500 m.
Стартна точка на искачувањето: Св. Пантелејмон (Македонско село) 605 мнв.

Опис на патеката: Поаѓаме од паркингот пред Македонско село, покрај објектите низ ниски грмушки, по блага стрмнина. Патеката свртува лево на широка ливада каде ја правиме првата пауза кај Разрушената куќичка на дрво. Влегуваме во шума и набргу се одвојуваме на лево од главната патека. За најмногу половина час пристигнуваме до Куќичката на џуџињата. Тука ја правиме втората пауза. Патеката продолжува низ шумата покрај Скриената чешмичка (единствената чешма на патеката), и за околу половина час излегуваме на широкиот пат по сртот. Стигнуваме до планинарскиот дом Даре Џамбаз на врв Водно на 1060мнв.
На враќање одиме по сртот кон Матка, го поминуваме местото каде излеговме од шумата и стигнуваме до летниковец. По куса пауза тргнуваме надолу низ шумата до Страшното дрво. Патеката натаму не води до широката ливада над Македонско село. Акцијата завршува на паркингот пред Македонско село.

Напор: Патеката е лесна, со брзина прилагодена на способноста на учесниците.
Времетраење на акцијата (вкупно): 4-5 часа
Опрема (задолжителна / препорачана):
Ранче
Планинарски чевлички или високи патики
Облека соодветна на времето, капа, ракавици, облека за преслекување, очила за сонце
Храна: Од ранец. Вода 1л.

Тргнување од: Акцијата започнува во 09:30 од Македонско село. Паркингот пред Македонско село во текот на викендот се наплаќа 100 ден од час, а секој понатамошен час изнесува 50 ден. Затоа, најдобро е да се искористи минибусот со бр.28 кој е бесплатен во текот на викендите и сообраќа од Транспортен центар, по Партизански Одреди, Митрополит Т. Гологанов, Горно Нерези. Од Транспортен центар поаѓа во 08:50 часот во сабота. На страната на ЈСП може да се провери возниот ред по станици. Планираме да се вратиме со минибусот кој поаѓа во 15:10 од Македонско село.

Планинарски водичи: Ирена Диков, Јовица Апостоловски, Елена Петковска, Андреја Јакимовски, Христифор Саракинов

Цена: –
Пријавување: најдоцна до ( 04.10.2018, четврток )
Лица за контакт: Ирена Диков 070 325 618, Јовица Апостоловски 070 864 555, Елена Петковска, 078 332 486, Андреја Јакимовски 070 802 586, Христифор Саракинов 071 333 263

Напомени:

Во случај на неповолни временски услови акцијата навреме ќе биде откажана
Учесниците во акцијата се должни да ги почитуваат насоките на водичите. Во спротивно самите се одговорни за несаканите последици.
Водичите имаат право да исклучат учесник/-ци на акцијата на почеток или во текот на акцијата доколку не ги почитуваат објавените насоки, не ја поседуваат соодветната планинарска опрема и не ги почитуваат насоките на водичите.
Водичите го заддржуваат правото на промена на условите на објавената акција согласно условите на теренот.

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија