ROCKTOBERFEST-KADINA CLIMBING

Датум на почеток:

23.02.2020

Време на почеток:

06:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Секоја година на Кадина карпа се собиравме за да го прославиме доаѓањето на пролетта, но оваа година решивме качувачкиот собир да го одржиме на почетокот од качувачката сезона на Кадина карпа.
Затоа СКК Екстрем Скопје ве поканува на 3 от по ред Качувачки собир кој од оваа година ќе го носи името РОКТОБЕРФЕСТ.
Ќе се качуваат насоките, ќе бидат поставени Топ роп јажиња за сите оние кои ќе сакаат да пробаат да се качуваат, а не пробале до сега или пробале ама не продолжиле, ќе имаме избор на најдобро направен домашен сендвич и ќе имаме поставено Ultimate насока за оние кои сакаат да се натпреваруваат.
Затоа спремајте се и планирајте го овој викенд за Кадина!

НАПОМЕНА: Спортското качување е потенцијално екстремен спорт и носи одреден ризик при бавење со него. Затоа имајте во предвид дека мора да ги почитувате сите пропишани норми и правила за практикување спортско качување, како и користење соодветна лична и колективна спортско качувачка опрема: заштитна кацига, појас за качување, алатка за осигурување, сигурносни гуртни со две матици, јаже за качување, патики и торбичка за магнезиум.

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија