Протестен марш за „Спас на Водно“

Датум на почеток:

27.02.2020

Време на почеток:

09:30

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Сведоци сме на масовно повеќестрано манипулативно и преќутно уништување на парк шумата Водно – единствениот излез на чист воздух од загадениот град во кој живееме. Тоа НЕ смееме да дозволиме да продолжи.

За таа цел, на иницијатива на неформална група граѓани под називот “Да го спасиме Водно” повикува на учество во протестниот марш кој има за цел да ја рашири веста за урбанизацијата на Водно до граѓаните на Скопје и да се спротистави на насилната урбанизација на белите дробови на Скопје. Водно НЕ смее да се претвори во ресторантски комплекс, паркинг, елитна населба, телекомуникациска кула со штетни зрачења или било каков друг урбан проект за остварување на профит. ВОДНО е и ќе остане симбол за бегство од асфалтната џунгла во Скопје.

Планинарските и еколошките друштва, како и сите вљубеници во природата, се првите кои треба да го кренат гласот против оваа катастрофа.

Маршот ќе се одржи на ден 17 ноември 2013,
собирно место „Кочо Рацин” во 10:30 часот и Средно Водно во 11:30 часот. Врв на Водно 13:00 часот.

Очекуваме Ваше масовно присуство.
За воздухот се работи !!! Да дишеме како луѓе !!!

Поздрав
“Да го спасиме Водно”

Автор

Дејан

Скопје

Македонија