Посета на Бегово Поле!

Датум на почеток:

23.02.2020

Време на почеток:

04:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Е.Г. Грин Пауер заедно со Е.Д. Амбиенталисти од с.Горно Јаболчиште во сабота(29 јуни) по петти пат организираат еднодневна планинарска тура од село Горно Јаболчиште(Општина Чашка) до Бегово Поле под Солунска Глава, на една од најголемите природни ливади на отворено на 2000 м.н.в.
За прв пат ќе извршиме и ПРОМОЦИЈА на новата маркирана планинарска патека од Г. Јаболчиште до Бегово Поле во должина од 8 км. која беше маркирана од страна на волонтери од двете организации. Патеката е маркирана со црвено бела боја(кнефелцова маркација) и поставени се 10 патокази во обата правци.

ИСТОРИЈАТ : Бегово Поле е карстно поле на планинскиот масив Јакупица на северната страна од врвот Солунска Глава.
Долго е околу 1,5 км, a широко околу 500 до 1000 м, со благ пад накај запад. Низ него тече мало поточе кое формира неколку езерца и локви, па потоа понира во најниската точка. На крајот на полето видлива е длабока јама која е полна со снег. Се верува дека водата која понира на Бегово поле, извира од другата страна на Солунска Глава, во изворите на Бабуна.

Од 2000 г. се вршени повеќе спелеолошки истражувања во карстниот регион околу Солиунска Глава. Се верува дека под врвот има огромни резервоари за вода, што се поистоветува со старото локално име за масивот „Мокра Планина”

ДЕТАЛИ ЗА ПАТЕКАТА И ЗА НАСТАНОТ :

КАТЕГОРИЗАЦИЈА на патеката : Средно тешка(напорна).
Должина на патеката : 16 км во обата правци.
Време на одење во група : 3- 3.5 часови во еден правец.
Максимален позитивен наклон на патеката(искачување) : 23 степени.
Максимален негативен наклон на патеката(симнување) : 25 степени.
Висинска разлика : 1020 метри.
Патеката од Г. Јаболчиште до Бегово Поле е исклучително живописна и ретко користена како планинарска маршрута.
Обезбедени се и водичи од Горно Јаболчиште и коњи за логистичка подршка и транспорт на луѓе(по потреба).
ЗА ОНИЕ кои сакаат , ќе се организира искачување на Солунска Глава(2540 мнв) од Бегово Поле. Максимално време на искачување помеѓу 1.5 и 2 часови.
Доколку има интерес во групата, враќањето назад кон Г. Јаболчиште ќе се направи преку Рускиот споменик, со што ќе се направи кружна тура и ќе се види поголем дел од овој реон.

ТРГНУВАЊЕ : Со организиран и комбиниран превоз од Скопје преку Велес.( превоз од Скопје ќе се организира само доколку има доволен број пријавени, во спротивно скопјани доаѓаат со гевгелискиот воз кој тргнува во 6.20 часот )
ТРГНУВАЊЕ Од Скопје : САБОТА, 29 јуни, во 5.30 часот од паркингот пред Пошта 2 на железничка станица Скопје. (заради пеколните горештини најавени за тој викенд, тргнуваме порано)
ТРГНУВАЊЕ од Велес : сабота(23 јуни) во 6.25 часот пред стоковна куќа НАМА и пропратно се собираат планинарите од Нова Населба и Тунел.
Се поминува преку Чашка, вештачко езеро Лисиче и Горно Јаболчиште. Враќањето назад кон Велес и Скопје ќе биде најдоцна до 19 часот.
Тргнувањето од Г. Јаболчиште кон Бегово Поле ќе биде најдоцна во 8.00 часот.
ПРИСТИГНУВАЊЕ на Бегово Поле од 11.00 – 11.30 часот. Доколку се продолжи кон Солунска Глава,. претпоставено пристигнување на врвот околу 13.30 часот.
Вода има на две места по должината на патеката, на 1.5 после тргнување и на Бегово Поле.

ЦЕНА : 500 ДЕНАРИ од Скопје и 300 денари од Велес.. Во цената спаѓа превоз од жел станица Скопје/Велес до Горно Јаболчиште и назад. Пријавувањето е со оставен капар од 200 денари.

КОНТAKT и ПРИЈАВУВАЊЕ :
– 075 361 877 (Игор) и 071/370-978 ( Рамадан)
ПРИЈАВУВАЊЕ : До четврток(27 јуни) до 16 часот.

ВАЖНО : Секој учесник со пријавувањето се СОГЛАСУВА за условите, доаѓа на сопствена одговорност и е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици;
– Наведените планинарски акции се организирани и движењето се одвива во група предводена од организаторот и водичите.
– Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.
– Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.
– Организаторот и водичите го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки.
– Императивно, вашето ѓубре(органско и неорганско) да го носите со себе во ранец до првиот контејнер.
ЗАБРАНЕТО консумирање на алкохол и психотропни супстанци за време на траење на планинарската тура.
ЗАДОЛЖИТЕЛНО носење на високи обувки, наочари и крема за сонце, вода(2 литри), храна, повеќеслоеста облека, кабаница, ветроотпорна јакна, планинарски стапчиња, челна ламба и компас.
НАПОМЕНА : Во зависност од временските услови и од лична проценка на водичите и организаторот, термините и активностите во настанот може по потреба да бидат променети , а настанот одложен или отакажан.

 

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија