Планинарски марш „ЦРН КАМЕН 2018”

Датум на почеток:

23.02.2020

Време на почеток:

06:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Планинарски марш „ЦРН КАМЕН 2018″ – Јабланица
24.06.2018 година (недела) – Планинарски марш до највисокиот врв на Јабланица, Црн камен (2258 м.н.м.в)

Сабота (23.06.2018)
• 18.00 часот – Планинарска забава
• Спиење во шатори

Недела (24.06.2018)
• 08.00 часот – собирање на групите во с. Горна Белица, тргнување кон највисокиот врв на Јабланица Црн камен (2258 м.н.м.в)
• 11.00 часот – пристигнување на врвот и собирање на сите планинари.
• 12.00 часот – напуштање на врвот, поаѓање кон вевчанска локва и враќање во Горна Белица.
• 15.00 часот – пристигнување во Горна Белица и ручек во Планинарската куќа.
• 16.00 часот – одмор и планинарско дружење.

НАПОМЕНИ:

1. Пријавување најдоцна до 22.06.2018 година (петок) – на тел. 078/478-065 (Андреј) и 078/217-597 (Димитри) или на e-mail: [email protected] и на Facebook страната www.fb.com/ZakamenPED.

2. За превоз во зависност од пријавени.

3. Задолжителна пријава за учество со број на членови.
Планинарско друштво/клуб: ______________________________________________

Презиме и Име / бр. лична карта или бр на пасош /
1.
2.
3….

Датум м.п. Планинарско Друштво

Доставување на пријавите на e-mail: [email protected].

4. Секој учесник на овој настан со пополнување на горе наведените податоци, под полна одговорност, потврдува дека ја прифаќа програмата на ПЕД „ЗАКАМЕН” за манифестацијата „Црн Камен 2018″, дека ќе се придржува до истата, е здрав, ја носи потребната планинарска опрема, осигуран е од несреќен случај и е во добра психофизичка состојба за ваков вид на планинарење!
Доколку некој од учесниците не е подготвен спрема препораките, можно е да добие препорака да не учествува во маршот, во спротивно самостојно одговара за секоја настаната состојба поврзана со неговото учество.
Сите учесници кои сметаат дека имаат добра кондициска спремност и се издвојат од групата, самите ги сносат последиците од евентуалните повреди и останати здравствени проблеми.

5. За искачувањето потребна е соодветна планинарска опрема за влажни услови.

6. Се опоменуваат учесниците да водат сметка околу дисциплината за време на маршот и на екологијата, односно да не оставаат отпадоци зад себе.

7. Организаторот ги задржува сите права за промена и дополнување на програмата во зависност од условите на теренот.

8. Организаторот обезбедува планинарско гравче и чај по пристигнувањето во планинарската куќа од врвот Црн камен во недела. Планинарите да понесат сопствен прибор за јадење.

9. Исхраната за останатите оброци е од ранец.

10. ПЕД „ЗАКАМЕН” не одговара за последиците кои би се случиле вон оваа програма, како и за непријавените учесници. При пристигнувањето, пријавувањето на планинарските друштва/клубови и поединци, со поднесување на пријавата, ќе се извршува во сместувачките капацитети кај одговорните лица на ПЕД „ЗАКАМЕН” пред почеток на маршот.

Со почит,
ПЕД Закамен Струга

Претседател,
Андреј Бандовски

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија