Наслов

Планинарска трансферзала 4М
Локација: 
Осогово
Држава: 
Македонија
Датум: 
Сабота, 19 Мај, 2018 - 06:00

Контакт

Име и презиме: 
PATNIK.mk

Традиционална Меѓународна планинарска трансферзала 4М -1
Свети Гаврил Лесновски - Свети Јоаким Осоговски 2018
("По патот на една Легенда од 11-ти век") РЕГИОНАЛНОТО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА РАЗВОЈ НА ПЛАНИНАРЕЊЕ, АЛТЕРНАТИВЕН ТУРИЗАМ И НАСТАНИ ИНСПИРИРАНИ ОД КУЛТУРАТА ЈА ОРГАНИЗИРА:

П О К А Н А
ЗА УЧЕСТВО НА МЕЃУНАРОДНАТА ПЛАНИНАРСКА ТРАНСВЕРЗАЛА 4М™
Св. Гаврил Лесновски – Св. Јоаким Осоговски 19 мај 2018
Почитувани љубители на убавите доживувања во планина ,
Ни преставува особена чест да Ве поканиме да го поминеме патот на една легенда од 11-ти век, токму во летото господово кога 4М го слави (20 години од иницијативата за востановувањето на Меѓународната планинарска трансверзала 4М™).
Секоја планина има своја убавина, но овде на Осоговската господ ти растоварил сите божји убавини, со нетрпени очекуваме да ни се придружите и да уживате во уште едно незабравно патешествие.
Ве молиме да се придржувате на доставените ПРОГРАМА и ВОСТАНОВЕНИТЕ ПРАВИЛА за организација на трансверзалата.
-I-
ПРОТОКОЛ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПЛАНИНАРСКАТА ТРАНСВЕРЗАЛА 4М™
САБОТА, 19.05.2018 година
06.00 Собирање на учесниците на ПАРКИНГОТ пред Лесновскиот манастир;
6.10 Пополнување на Пријава за учество и објаснување на легендата од 11-ти век;
06.25 Организирано влегување во кругот на Манастирот со запознавање на значењето на манастирот и знаменитостите во Лесновски крај;
06.40 Објаснување за патеката од одговорниот водач и основач на Трансверзалата 4М™, на традиционалното место, пред црницата која е стара околу 6 века,
06.50 Поздравно обраќање на официјални гости од оштина Пробиштип.
06.55 Подготовка за старт (фотографирање, прилагодување на опрема );
07.00 СТАРТ - Подготовка за старт (фотографирање, прилагодување на опрема ) „По патот на една Легенда од 11-ти век"
18,30 - 19.00 Ориентационо (предвидено време) за пристигнување во Св. Јоаким Осоговски.
19.00-19.50 Oдмор, припрема за вечера, сместување на учесниците;
20.00-22.00 Доделување на признанија , учесниците ...

НЕДЕЛА 20.05.2018 година
ВАРИЈАНТА 1
Посета на (Водопадите на Станечка Река) доколку има доволен број на заинтересирани
ВАРИЈАНТА 2
Разгледување на манастирскиот комплекс Св. Јоаким Осоговски: Првиот МЛЕКОВОД во Европа, Галеријата на меѓународната колонија ...
ВАРИЈАНТА 3
Посета на Испосницата на Свети Јоаким Осоговски
ВАРИЈАНТА 4
Посета на Градскиот музеј на Крива Паланка и разглед на градот.

Ви напоменуваме доколку сте заинтересирани за било која варијанта за во неделата 20 мај треба претходно да ја најавите. Доколку е потребно превоз до одредена дестинација ќе биде на сметка на учесниците.
070.32.1234 Стојанче Величковски, или на e-mail stojance@patnik.mk

ПРАВИЛА ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПЛАНИНАРСКАТА ТРАНСВЕРЗАЛА 4М™
1. Традиционалната манифестација Планинарската трансверзала 4M™ е бренд, услужна трговска марка впишана во регистерот на трговски марки под број 17455 во сопственост на Планинарскиот водач Стојанче Величковски и е дел од програмските активности на РЗР ПАТНИК.
2. Секој учесник на Трансферзалата учествува по сопствена желба и на своја одговорност и треба да има соодветна кондициска подготовка за совладување на средно тешка планинарска патека.
3. Секој учесник е должен да ја почитува саатницата и предвидениот протокол за реализација на Трансверзалата 4М™.
4. Учесниците кои ќе допатуваат во Крива Паланка со свој превоз превоз (комби,минибус,автобус) можат да се приклучат кон караванот со сопствениот превоз.

5. За учесниците од Крива Паланка ќе има организиран превоз (автобус или такси возила) по цена од 300 денари.

6. Караванот со учесници од Крива Паланка (Плоштад) тргнува огранизирано во 04.00 часот .

7. Сите други учесници на кои повеќе им одговара да пристигнат директно на стартот со сопствен превоз важи "правилото" на Паркингот пред Лесновскиот манастир да дојдат навреме најдоцна до 06.15 часот.
8. Движењето од стартотот до целта е во група, не е дозволено никакво индивидуално издвојување од групата, времето на пристигањето во група е условено компактноста на групата (учесниците) на Трансверзалата и временските услови и др.
9. Предвиденото време за пристигнувањето на целта во Осоговскиот манастир е предвидена околу 19.00 часот.
10. Организаторот има правото во случај на невреме (виша сила) или друга причина да промени дел од маршрутата.
11. Секој учесник е должен да ги почитува Правилата за реализирање на Трансферзалата како и напатствијата на Водичот и неговите помошници.
12. Учесник кој без дозвола на одговорниот водич самоволно ќе се оддалечи од патеката или на друг начин недициплинирано се однесува го губи статусот на учесник на Трансверзалата, за што се внесува посебна забелешка во Пријавниот Лист.
13. Организаторот не сноси никаква одговорност за било кој учесник кој нема да се придржува, на упатствата дадени за време на трансферзалата, здравствени ограничувања на поединци кои не се пријавени во Пријавниот лист, самоволно одделување од колоната како и повреди предизвикани од алкохол и други недозволени средства.
14. Помлади малолетници може да учествуваат исклучиво во присуство на најмалку еден од родителите или тренер ако се работи за спортист, професор по фискултура ако се работи за ученик, начaлник /старешина на одред ако станува збор за извидници, со претходна најава кај организаторот!
15. Секој учесник да носи со себе соодветна и прикладна опрема, за движење во планински услови, чевли соодветни за трекинг патека,кабаница, камашни, очила за заштита од сонце, резервна облека, сад за вода и батериска светилка...
16. ИСХРАНАТА за време на поминување на патеката 4М-1 од манастирот Св. Гаврил Лесновски - Св. Јоаким Осоговски е од ранец.
17. На патеката постојат 6 извори со пивка вода земете си доволно течности со оглед на должината на Патеката.
18. Организаторот за учесниците на целта, обезбедува ГРАТИС планинарско гравче за вечера. (Ви напоменуваме дека во манастирскиот комплекс Св. Јоаким Осоговски, Ресторанот работи!
19. СМЕСТУВАЊЕТО учесниците сами го резервираат , наши препорака е:
1. НОВИОТ КОНАК во манастирскиот комплекс Св. Јоаким Осоговски во по цената е околу 15 евра
www.booking.com/hotel/mk/quot-manastir-quot-sv-joakim-osogovski.en-gb.html
2. Вила АНА МАРИЈА
https://www.booking.com/hotel/mk/villa-ana-marija.en-gb.html
3. Огранизаторот има ограничен број на легла во услови на ранг на хостели по цена на од 5 евра, проритет ќе имат прво пријавените.
4. Во Крива Паланка има уште неколку сместувачки капацитети кои не се on-line достапнирезервации, цената на преноќиште се движи од 10-15 евра , ви стоиме на раполагање при вашите резервации за сместување.
20. За сите што нема да се пријават на време или ќе бидат исполнети сместувачките капацитети ќе се бара алтернативно сместување во Крива Паланка.
21. Секој учесник заедно со пријавата треба да плати 120 денари или 2 евра партиципација (при пријавување а најдоцна при пополнувањето на пријавната листа на учесници, за возврат ќе добие (Трансверзална книшка, благодарница за учество, бесплатно водење, како и вечера на целта).
22. Рок за пријавување за учество на Трансферзалата 4М најдоцна до 16.05.2018 година кај организаторот. stojance@patnik.mk (+389.70.321.234) или Марио (071353537)

За овој настан сеуште нема пријавено гости.

Мапа

П В С Ч П С Н
 
1
 
2
 
3
 
 
 
 
7
 
8
 
9
 
10
 
 
 
 
14
 
15
 
16
 
17
 
 
 
 
21
 
22
 
23
 
24
 
 
 
 
28
 
29
 
30
 
31
 
 
 
 

На Facebook