Наслов

Планина и Јога/Сандакташ 1983мнв.
Локација: 
Бистра, Маврово
Држава: 
Македонија
Датум: 
Сабота, 18 Мај, 2019 - 08:00

Контакт

Име и презиме: 
ПК Македон

Во најубавиот пролетен месец ПК.Македон ве носи на едно поинакво планинарско доживување во еден од нашите најубави планински предели Маврово.

Заедно со Ана, проверен и докажан инструктор по јога решивме да Ве однесеме на планина каде покрај уживањето и искачувањето по падините на Бистра и врвот Сандакташ ќе имаме можност да се релаксираме и одмориме преку неколку часови со јога.

П Р О Г Р А М А
- Тргнување од Скопје со организаиран превоз (комбе)
- сабота 08:00 часот од паркингот на Веро Тафталиџе
- пристигнување во с.Никифорово/Маврово и искачување кон Сандакташ
- 16:00 часот симнување во с.Никифорово и со превоз упатување кон планинарскиот дом Царевец каде се сместуваме и ноќеваме
- вечерта и следното утро се предвидени за часови јога за сите заинтересирани и кратки прошетки или возење велосипед околу езерото
- недела враќање во Скопје во попладневните часови

ОПИС на акцијата:
Сандакташ 1910 мнв. е врв на планината Бистра во Националниот парк Маврово. Неговото искачување е од лесен карактер но сепак потребна е поредовна физичка активност за полесно се совлада врвот.

Искачувањето до врвот е од 2 до 3 часа во зависност од подготвеноста на групата и се искачуваат околу 600 м. висинска разлика.

Искачувањето започнува од С.Никифорово и патеката се движи покрај Петилепска река до местото Петти леб, каде што се наоѓа истоимениот извор со една од најубавите води за пиење во паркот и во шумски предел се движи до бачилото од каде потоа по сртот се оди кон Сандакташ

Задолжителна опрема за искачување на врвот:
Зимски планинарски чевли, топла облека, јакна која штити од ветер, топли ракавици и капа, очила за сонце, челна ламба.

Храната е сопствена од ранец.
Вода за пиење има во селото и во текот на искачувањето.

Сместувањето е во планинарскиот дом Mountain Hut Carevec / Царевец Планинарски Дом kаде ќе не пречекаат домаќините Соња и Владица.

По сместувањето Geo Ana ќе го води јога часот кој ќе биде составен од асани за истегнување и истиснување на млечната киселина од мускулите насобрана после пешачењето како и техниките за правилно дишење.

Наредниот ден започнува со утринска јога каде благите вежби за расонување ќе бидат проследени со подлабока релаксација Јога НИДРА.

Планинарскиот дом Царевец Mountain Hut Carevec / Царевец Планинарски Дом располага со кујна, тоалет, топла вода и удобно сместување.

Храна секој си носи сам, во домот има услови за приготвување на истата.

Акцијата во планинарскиот дел ќе биде водена и организаирана од лиценцирани водичи на ПК "МАКЕДОН".
Јогата е дел на Geo Ana.

Цена 1200 ден.
Во цената е вклучен превоз - Скопје - Никифорово - Маврово - Скопје, сместување и ноќевање во Царевец.

Бројот за пријавување е ограничен на 17 места.

Пријавување заклучно со петок 17 мај или додека не се пополни предвидениот капацитет.

Контакт:
Ана 070 227 901
Дуле 078 310 552

In the most beautiful time of the year, the Mountaineering Club Makedon takes you on a different mountain experience in one of our most beautiful mountain landscapes -Mavrovo. Together with Geo Ana, proven yoga instructor beside the enjoyment of the the hiking mountain Bistra and the peak Sandaktash, you will have time to relax during the few hours of yoga practice.

SCHEDULE –

18.04.2019 (Saturday)

08:00h- Departure from Skopje,Vero Taftalidze (parking lot) with organized transport (van)– Arriving at Village Nikiforovo/Mavrovo and hiking to Sandaktash –

16:00h directing from Village Nikiforovo to the Mountain Hut Carevec Mountain Hut Carevec / Царевец Планинарски Дом where we will spend the night.

19.04.2019 (Sunday)

Morning yoga for all those interested and some free time for sightseeing or bike tour around the lake. Returning in Skopje in the evening hours.

Description of the hiking tour:

Sandaktash 1910m above sea level is a peak on mountain Bistra in the National Park Mavrovo. The hiking is on a light trail, however a regular physical activity is needed in order to climb the peak. – The hiking to the peak takes from 2h to 3h depending on the readiness of the group, there are about 600m height difference to climb. – The hiking starts from Village Nikiforovo and the trail is next to the river Petilepska to the place Peti Leb, where there is the water spring with the same name which has one of the best water for drinking, then we continue in the woodlands to the pen from where next to the crest we continue to Sandaktash.

Mandatory equipment for hiking the peak:

Winter hiking boots, warm clothes, windproof jacket, warm gloves and hat, sunglasses, forehead lamp.

Food is from your own backpack. In the village and during the hike there is water for drinking.

Accommodation information:

Mountain Hut Carevec Mountain Hut Carevec / Царевец Планинарски Дом, where the hosts Sonja and Vladica will welcome us. In the Hut there is a kitchen, toilet, hot water and comfortable accommodation. Everybody brings his own food, that could be prepared in the Hut's kitchen.

The yoga instructor, Ana will lead the yoga class that will consist asanas for stretching and extrusion of lactic acid from muscles piled up after hiking, as well as breathing techniques .

The activity in the mountain area will be lead and organized by licensed guides from the ПК "МАКЕДОН" Mountaineering Club Makedon. The yoga part will be lead by Geo Ana

Price:1200 denars (includes transport – Skopje – Nikiforovo – Skopje, 1 night in Carevec)

The number of applicants is limited on 17 places. The registration is within Friday 17th of May or until the required capacity is filled.

Contacts: Ana 070 227 901, Dule 078 310 552

За овој настан сеуште нема пријавено гости.