Наслов

Ноќни патеки: Епизода „Цареви кули“ - СОФ 2019
Локација: 
Струмица
Држава: 
Македонија
Датум: 
Вторник, 25 Јуни, 2019 - 19:30

Контакт

Име и презиме: 
Strumica OPEN Festival

Второто ноќно искачување до Цареви Кули дел од #соф2019.

Преку 100 учесници со пешачење и велосипеди на 25 јуни ќе го означат почетокот на летото со голема забава под ѕвезденото небо на Струмица. Рутата за пешачење е погодна за сите возрасти па и за најмалите и минува низ манастирот Св. Илија и најпознатата трим патека во регионот. Организираната поворка велосипедисти се искачува по асфалтен пат.

Настанот ќе биде дополнет со забава со локални диџеи.

Собирно место во 19:30 часот во малиот градски парк, каде двете групи ќе започнат со искачување кон Цареви Кули.

Трим патеката по која ќе се пешачи (Мал парк - Ловен дом - Св.Илија - Цареви Кули) е долга прилично 5.5 км и се пешачи околу 1:00 до 1:30 часа.
Вело патеката по која ќе се вози (Мал парк - СОУ Никола Карев - Лозиња - Двата пата - Чам чифлик - Цареви Кули) е долга 9 км и се вози околу 1:00 до 1:30 часа.

Потребна опрема:
- Соодветни чевли за пешачење (возење)
- Фенерче*
- Топла облека
- Резервна маица
- Вода
- Овошје и храна по избор
- Ранец
- Фотоапарат
- Кацига (за велосипедисти)
- Средство против комарци

Движењето по двете патеки ќе се одвива во групи со водичи, а евентуално оддалечување од групите и предвидената патека ќе биде на сопствена одговорност.

За овој настан сеуште нема пријавено гости.

Мапа

П В С Ч П С Н
1
 
2
 
 
 
 
 
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
25
 
26
 
27
 
 
29
 
30
 
31
 
 
 
 
 

На Facebook