Наслов

Меморијален марш во чест на Димитар Боцевски
Локација: 
Матка
Држава: 
Македонија
Датум: 
Сабота, 9 Февруари, 2019 - 10:00

Контакт

Меморијален марш во чест на Димитар Боцевски: Св.Богородица-Св.Спас-Св.Недела (Матка)

Програма

Сабота 09 февруари 2019
09.45 ч - собир на групата пред Мечкина дупка
10.00 ч - групно поаѓање кон Св.Спас
11.30 ч - пристигнување на Св.Спас и краток одмор за чај.
11.45 ч - поаѓање на дел од групата до Св.Недела
12.15 ч - пристигнување на Св.Недела. Полагање цвеќе и свеќа за Диме. Евоцирање спомени и сеќавања. Потоа заедничко враќање до Св.Спас каде што ќе биде послужена храна за душа
13.30 ч - враќање кон Мечкина дупка по истата патека

Неопходна опрема:
- 3 сезонски планинарски кондури
- панталони
- долна маица или основен слој без памук во составот
- капа, ракавици, наочари
- полар или софтшел против ветер и лесен дожд
- шушкава јакна од втор или трет слој тип
- планинарски ранец и стапчиња
- енергетска храна и вода по потреба
- дерези (тие што имаат да си земат.Не се знае во каква состојба ќе биде патеката од Св.Спас до Св.Недела)

За патеката:
- старт: кафана Мечкина дупка - Матка 305мнв
- цел: Св.Недела 790мнв
- Најниска точка: мечкина дупка: 305мнв
- должина на патеката во правец: 5.5км
- вкупна денивелација: 485м
- просечно време на поминување во двата правци 3ч 30мин
- Патеката почнува од пред Мечкина дупка и продолжува нагоре покрај Св.Богородица по широк земјен пат. По извесно време свртува во остро лево низ нискостеблеста шума за да потоа почне искачување во десно по сртот на брдото. За цело време има поглед на кањонот Матка. Потоа патеката продолжува низ ливади и опожарен предел и повторно по широк земјен пат се излегува на обиколниот пат од кај касарната кој води до Св. Спас.

За Св.Недела:
Загледувајќи се високо на врвот од карпите над црквата Св.Андреја (планинарскиот дом – Матка) ќе забележите крст, а веднаш под него остатоци од средновековна градба. Станува збор за црквата Св.Недела која се наоѓа во рамките на локалитетот познат како Марков град. Археолозите откриле дека Марков град е всушност средновековно утврдување со мала црквичка.

Со сигурност се претпоставува дека црквата Св.Недела била изградена во средината на XIV век. Единствено се води полемика околу карактерот на ова утврдување. Постојат, главно, две претпоставки: според првата, Марков град во средниот век претставувал утврден манастирски комплекс со црква и конаци; и втората претпоставка вели дека Марков град бил утврдена населба со благородничка црква. Според поддржувачите на последната теорија, тука живеел благородникот Бојко, господар на Матка, а спомнат и како ктитор на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" (Манастир Матка).

Меѓутоа, речиси секогаш, наспроти историските факти стои по некоја легенда или митско предание. Во случајов тоа е легендата за убавата Бојана. Имено, ако ги прашате жителите на селото Матка за Марков град, сите до еден ќе ви ја раскажат легендата за Бојана:
Бојана, според легендата, била прекрасната господарка на Марков град. Таа живеела и управувала со градот, меѓутоа нејзините чифлизи достигнувале се до селото Бојане. И обично како што бива во легендите од османскиот период, во Бојана се вљубил некој локален Османлија. Одбивајќи ја брачната понуда и „потурчувањето" Бојана станала мета на неговиот бес. Собирајќи голема војска, насилникот ја нападнал Бојана која се утврдила во Марков град. Во борбата Бојана убила дури 70 османлии, ама сепак, кога видела дека се е залудно и дека ќе мора да биде насилно одведена во харемот на зулумќарот, таа скокнала од карпата во реката Треска. Веднаш потоа Османлиите го разурнале градот.
Извор: http://istoricar.blogspot.com

Клубот не превзема никакви одговорности доколку планинарите не се придржуваат на гореспоменатата програма, сатницата, советите и евентуалните забрани од организаторот и водичите

ПРЕВОЗ: Со локален градски превоз до Шишево или до Матка. Автобус бр. 60 Проверете си во ЈСП
http://www.jsp.com.mk/VozenRed.aspx

За овој настан сеуште нема пријавено гости.

Мапа

На Facebook