Наслов

Меморијален алпинистички собир „Македонски алпинистички великани”
Локација: 
Св. Никола Шишевски - Матка
Држава: 
Македонија
Датум: 
Сабота, 12 Мај, 2018 - 08:00

Контакт

Во текот на викендот, 12/13 мај, на Матка ќе се одржи традиционалниот меморијален алпинистички собир, посветен на великаните на македонскиот алпинизам.

Собирот ќе се спроведува според неформална програма, која во текот на денот ќе се состои од качување по избор во долги и кратки насоки, а сместувањето ќе биде во шатори во дворот на манастирот Свети Никола (Шишевски Манастир) и исхраната ќе биде "од ранец".

Македонската алпинистичка федерација ги потсетува сите учесници на собирот дека треба да поседуваат комплетна опрема за качување и логорување, прилагодена според планираните активности и условите кои владеат во локалитетот, како и да се придржуваат до правилникот и актите за работа на МАФ.
Официјално собирот ќе се отвори во 8:30 часот наутро на 12ти мај (Сабота). За да не дојде до пренатрупување на некои насоки, а и од безбедносни причини, ќе има одговорно лице кое ќе води евиденција на наврските по насоки и таму ќе може да се пријавите и да добиете информација која ви е потребна.

На 13ти мај (Недела), на вежбалиштата покрај манастирот ќе биде организриан „Отворен ден со македонските алпинисти", каде на секој кој сака да проба да качува и да се запознае со дел од алпинистичката опрема, тоа ќе му биде овозможено од соодветно обучени членови на федерацијата.

За овој настан сеуште нема пријавено гости.

Мапа

П В С Ч П С Н
 
1
 
2
 
3
 
 
 
 
7
 
8
 
9
 
10
 
 
 
 
14
 
15
 
16
 
17
 
 
 
 
21
 
22
 
23
 
24
 
 
 
 
28
 
29
 
30
 
31
 
 
 
 

На Facebook