Наслов

Меморијал Д-р Петков Ѓеорги 2019 / врв Мала Рупа 2004м. КОЖУФ
Локација: 
Кожуф
Држава: 
Македонија
Датум: 
Недела, 19 Мај, 2019 - 07:00

Контакт

Име и презиме: 
ЗПСК КОЖУФ Гевгелија

Меморијал Д-р Петков Георги 2019 со искачување на врв Мала Рупа 2004м. Кожуф.
Здружение Планинарски Спортски Клуб КОЖУФ Гевгелија годинава за прв пат ке го организира овој меморијал и имаме во план да го одржуваме секоја година со што ке се потсеќаме на нашиот долгогодишен член Д-р Ѓеорги Петков кој беше еден од најактивните високогорци во нашиот Клуб, и во изминативе години ги имаше искачено врвовите Арарат 5137м. Аконкагва 6962м. Килиманџаро 5895м. Елбрус 5642м. Пик Ленин 7134м. Исланд Пик 6198м. учествуваше и во експедиција за искачување на највисокиот врв на Аљаска, Денали 6190м.
Во 2018г. Георги учествуваше во експедиција за искачување на највисокиот врв на светот Еверест 8848м. каде при последниот дел од искачувањето добива срцев удар и почина.
Како негов матичен Клуб, чувствуваме должност спрема неговиот лик и дело, и сета заложба и љубов која тој ја даваше за планините и планинарскиот спорт, да го организираме овој меморијал.
Врвот Мала Рупа 2004м. се наоѓа на планината Кожуф на самата граница помеѓу Македонија и Грција, помеѓу врвовите Сува Рупа 1960м. и врв К-92 2112м.
Кога сте на самиот врв и гледате кон Македонска страна пред вас се издигнува врвот Чичи Каја 1767м. а од другата страна кон Грција се гледат неколку Грчки села како и планината Пајак.

ПРОГРАМА
19.05.2019г. (недела)
Поаѓање во 06:00 часот од паркингот кај Спортската сала 26 април Гевгелија. ( За учесниците од Гевгелија )
-Старт на меморијалот 07:00 часот од местото Алчак
( Шутка) 1650м.н.в.
-Маршута: Алчак (Шутка) 1650м.н.в.- Таблата - Марково езеро 2035м.н.в. - врв Мала Рупа 2004м. - под врв К-92 2112м. - Таблата - Алчак 1650м.
Вкупната должина на маршутата е 19км. со висинска разлика од 985м. патеката спага во категорија НАПОРНИ патеки.
-Пристигнување на врвот околу 12 часот, мал говор за ликот и делото на Д-р Петков, доделување на благодарници за учество на меморијалот на планинарските Друштва/Клубови како и за најмлад и најстар учесник, одмор и враќање назад кон Алчак.

* Потребна опрема:
- соодветни чевли ( по можност планинарски )
- мал ранец
- мантил за дожд
- јакна
-планинарски стапчиња

ПРЕВОЗ
- Членовите на ЗПСК КОЖУФ Гевгелија 100ден.
- Останатите учесници планинари од другите градови СОПСТВЕН ПРЕВОЗ.

НАПОМЕНА:
- Сите кои се заинтересирани да учествуват на овој меморијал а се од Гевгелија задолжително пријавување во канцеларијата на Здружение Планинарски Спорски Клуб КОЖУФ Гевгелија секој Понеделник и Четврток од 20 часот.
Останатите планинари од другите градови кој ке доагаат задолжително да го пријават своето учество на долу наведените лица за контакт, и должни се да дојдат со сопствен превоз до местото Алчак (Шутка).
- Исхрана од ранец.
- Вода за пиење има на стартот од акцијата и на уште едно место по патеката.
Организаторот на овој меморијал Здружение Планинарски Спортски Клуб КОЖУФ Гевгелија го задржува правото на измени на предвидената маршута во случај на лоши временски услови (доколку сеуште има снежни јазици на делот од врв Мала Рупа кон врв К-92 врќањето од врвот ке се одвива по иста патека преку Марково Езеро поради безбедност на учесниците ).
Последен рок за пријавување на учесниците на овој марш е на 16.05.2018г. со доставување на соодветен список на учесници кој ЗПСК КОЖУФ Гевгелија ке ви го испрати а вие треба пополнет да го вратите.
Подетални информации за Меморијалот и пријавување на планинари од другите градови кај
Александра Караманова
Секретарка на Клубот
тел.078-749-939 ( информации после 16 часот)
Лазар Митров
Член на Извршен на Клубот
тел. 070-347-698 ( информации преку цел ден )
или на фацебоок кај Претседателот на Клубот
Ристо Каркалашев
https://www.facebook.com/risto.karkalasev

За овој настан сеуште нема пријавено гости.

Мапа

На Facebook