Љуботен 2499m

Датум на почеток:

11.11.2018

Време на почеток:

05:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Атрактивноста на турата е во врвот, кој има форма на пирамида. Љуботен важи за малку суров врв поради тоа што претставува еден вид “пристаниште” на Шара каде се прекршуваат сите ветришта. Љуботен е моќен, величествен и горд. И затоа Љ. секогаш ќе асоцира на Љуботен.
Во чест на 13 ноември – ден на град Скопје се искачува Љуботен, како планина која го чува овој град и е на грбот на симболот на град Скопје. Во организација на ПЕД iLoveHiking следи…

1. РЕКРЕАТИВНА ТУРА
За рекреативците е предвидено искачување од Старо Село сѐ до вила Љуботен или планинарскиот дом Љуботен, каде што е дозволено мекнеење цел ден.
– Појдовна точка е Старо Село, кое се наоѓа на 700 мнв.
– До домот се пешачи неполни два часа.
– Патот по кој се оди е колски и за брзо време се влегува во шумски појас.
– Мекнеењето завршува во 15:30 часот во вилата, а потоа сите се спуштаме надолу.
-Тежина на турата – Лесно напорна.

2. ПЛАНИНАРСКА ТУРА – ЛЕТНА ПАТЕКА
– Почетна точка е Старо Село (700 мнв).
– Пауза правиме кај планинарскиот дом Љуботен (1.622 мнв).
– Крајна точка е врв Љуботен (2.499 мнв)
– Патеката е маркирана. Се поминува низ шумски терен, а од домот до врвот се продолжува по пасишен и каменест терен.
– Вода има само во првиот дел од патеката (над домот).
– Патеката во двата правци е со вкупна должина од 21 км (од селото до врвот и назад )
– Просечно време на искачување е 4 часа.
-Тежина на турата – Тешка.

ОПИС НА ТУРАТА
*** Патеката од с.Село до вила Љуботен, се оди по колски пат на планинатa и качувањето е константно нема големи угорнини освен едната кратенка во шумата каде теренеот е пострмен. ***

*** Врвот СЕ ЗАТВОРА во 13.31ч. Сите учесници кои до тој момент не стигнале на врв, должни се да се упатат назад по истиот пат со водич, заедно во група.***

ПРИЈАВУВАЊЕ, ПРЕВОЗ И ЦЕНА:
– Цената е 400 денари по лице.
– Во цената е вклучен превоз , грижа на планината, тим на професионални водичи со искуство.
– Ограничен број на учесници.

– Пријавување “СКВИЗ МЕ”- џус бар, ОД 17-19 часот (Среда , Четврток, Петок) доколку останат места и Сабота од 12-14 часот.

ИНФОРМАЦИИ
Димитрија ✆ 077/ 525 616
Стефан ✆ 077/ 617 617

УПЛАТА НА Ж-Сметка
Примач : гуардианс оф нејчер – ај лав хајкинг груп маседониа
Банка : Стопанска банка – Скопје
С-ка бр: 200003122673462

***Уплата можете да извршите САМО со предходна консултација на телефоните горе.***
***Со уплатата се согласувате на се што е пропишано во ивентот ***

ВОДИЧИ НА АКЦИЈАТА:
1. Димитрија Ристевски
контакт тел 077 -525 616
меил: [email protected]
2. Васил Скрчевски
контакт тел. 075 -486 805
меил: [email protected]

ВОДИЧ до вила Љуботен
1. Стефан Перовски
контакт тел. 071/ 617 617
меил. [email protected]

ПОАЃАЊЕ:
– во 06:00 часот од паркингот пред Пошта 2 – Железничка станица
– попатно застанување на автобуската каj хотел Карпош, CityMall, автобуската кај кружниот во Ѓорче Петров

ПОТРЕБНА ОПРЕМА И УСЛОВИ:
– психофизичка подготвеност за пешачење по планина;
– високи разгазени чевли ;
– топла облека која штити од ветер;
– ракавици и капа;
– планинарски стапчиња;
– облекување во слоеви.

ИСХРАНА:
– секој сам си носи исхрана од ранец;
– вода 2 л.;
– суво овошје, сендвичи и сл.

НАПОМЕНА:
– Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици;
– Наведените планинарски акции се организирани и движењето се одвива во група предводена од организаторот и водичите.
– Организаторот и водичите имаат право да ИСКЛУЧАТ член пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.
– Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.
– Организаторот и водичите го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки.
п.с. Доколку има нови информации ќе бидат истакнати во ивентот.

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија