Наслов

Љуботен 2499m
Локација: 
Шар Планина
Држава: 
Македонија
Датум: 
Недела, 11 Ноември, 2018 - 06:00

Контакт

Име и презиме: 
I love hiking - group Macedonia

Атрактивноста на турата е во врвот, кој има форма на пирамида. Љуботен важи за малку суров врв поради тоа што претставува еден вид "пристаниште" на Шара каде се прекршуваат сите ветришта. Љуботен е моќен, величествен и горд. И затоа Љ. секогаш ќе асоцира на Љуботен.
Во чест на 13 ноември – ден на град Скопје се искачува Љуботен, како планина која го чува овој град и е на грбот на симболот на град Скопје. Во организација на ПЕД iLoveHiking следи...

1. РЕКРЕАТИВНА ТУРА
За рекреативците е предвидено искачување од Старо Село сѐ до вила Љуботен или планинарскиот дом Љуботен, каде што е дозволено мекнеење цел ден.
- Појдовна точка е Старо Село, кое се наоѓа на 700 мнв.
- До домот се пешачи неполни два часа.
- Патот по кој се оди е колски и за брзо време се влегува во шумски појас.
- Мекнеењето завршува во 15:30 часот во вилата, а потоа сите се спуштаме надолу.
-Тежина на турата - Лесно напорна.

2. ПЛАНИНАРСКА ТУРА - ЛЕТНА ПАТЕКА
- Почетна точка е Старо Село (700 мнв).
- Пауза правиме кај планинарскиот дом Љуботен (1.622 мнв).
- Крајна точка е врв Љуботен (2.499 мнв)
- Патеката е маркирана. Се поминува низ шумски терен, а од домот до врвот се продолжува по пасишен и каменест терен.
- Вода има само во првиот дел од патеката (над домот).
- Патеката во двата правци е со вкупна должина од 21 км (од селото до врвот и назад )
- Просечно време на искачување е 4 часа.
-Тежина на турата - Тешка.

ОПИС НА ТУРАТА
*** Патеката од с.Село до вила Љуботен, се оди по колски пат на планинатa и качувањето е константно нема големи угорнини освен едната кратенка во шумата каде теренеот е пострмен. ***

*** Врвот СЕ ЗАТВОРА во 13.31ч. Сите учесници кои до тој момент не стигнале на врв, должни се да се упатат назад по истиот пат со водич, заедно во група.***

ПРИЈАВУВАЊЕ, ПРЕВОЗ И ЦЕНА:
- Цената е 400 денари по лице.
- Во цената е вклучен превоз , грижа на планината, тим на професионални водичи со искуство.
- Ограничен број на учесници.

- Пријавување "СКВИЗ МЕ"- џус бар, ОД 17-19 часот (Среда , Четврток, Петок) доколку останат места и Сабота од 12-14 часот.

ИНФОРМАЦИИ
Димитрија ✆ 077/ 525 616
Стефан ✆ 077/ 617 617

УПЛАТА НА Ж-Сметка
Примач : гуардианс оф нејчер – ај лав хајкинг груп маседониа
Банка : Стопанска банка – Скопје
С-ка бр: 200003122673462

***Уплата можете да извршите САМО со предходна консултација на телефоните горе.***
***Со уплатата се согласувате на се што е пропишано во ивентот ***

ВОДИЧИ НА АКЦИЈАТА:
1. Димитрија Ристевски
контакт тел 077 -525 616
меил: dime_ris@yahoo.com
2. Васил Скрчевски
контакт тел. 075 -486 805
меил: vasil@begova.com.mk

ВОДИЧ до вила Љуботен
1. Стефан Перовски
контакт тел. 071/ 617 617
меил. stefan.perovski91@gmail.com

ПОАЃАЊЕ:
- во 06:00 часот од паркингот пред Пошта 2 - Железничка станица
- попатно застанување на автобуската каj хотел Карпош, CityMall, автобуската кај кружниот во Ѓорче Петров

ПОТРЕБНА ОПРЕМА И УСЛОВИ:
- психофизичка подготвеност за пешачење по планина;
- високи разгазени чевли ;
- топла облека која штити од ветер;
- ракавици и капа;
- планинарски стапчиња;
- облекување во слоеви.

ИСХРАНА:
- секој сам си носи исхрана од ранец;
- вода 2 л.;
- суво овошје, сендвичи и сл.

НАПОМЕНА:
- Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици;
- Наведените планинарски акции се организирани и движењето се одвива во група предводена од организаторот и водичите.
- Организаторот и водичите имаат право да ИСКЛУЧАТ член пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.
- Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.
- Организаторот и водичите го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки.
п.с. Доколку има нови информации ќе бидат истакнати во ивентот.

За овој настан сеуште нема пријавено гости.