Љуботен – 12 ноември 2017

Датум на почеток:

11.12.2017

Време на почеток:

05:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Tрадиционална планинарска акција во чест на 13 ноември – ден на град Скопје. Љуботен е на грбот на град Скопје. Организатор: ПСД Макпетрол Скопје.

Ова искачување е едно од потешките и напорни искачувања бидејќи се совладува висинска разлика од околу 1800м и бара солидна кондициона подготвеност на учесниците. Но со оглед на погодноста што постои планинарски дом на 1626мнв можат да учествуваат и учесници од сите возрасти – од 7 до 77 години. Успех е да се стигне и до домот, односно да се престојува цел ден во природа, на чист воздух.
АКЦИЈАТА Е ЕДНОДНЕВНА

П Р О Г Р А М А:
12 ноември 2017 (недела) – Во 06ч. поаѓање на автобусите од жел.станица – паркинг пред Пошта2. Пристигнување во Старо Село (700м.н.в.) околу 07.30ч. Формирање на колона и поаѓање кон планинарскиот дом Љуботен (1626мнв).

Одмор за топол чај. Потоа повторно во организирана колона поаѓање кон врв Љуботен 2499м.

Очекувано пристигнување на врвот околу 12 – 13ч. Краток одмор за фотографирање и закрепнување со нешто слатко и потоа враќање назад во пл.дом. ВРВОТ СЕ ЗАТВОРА ВО 13.30ч. СИТЕ УЧЕСНИЦИ КОИ ДО ТОЈ МОМЕНТ НЕ СТИГНАЛЕ НА ВРВ СЕ ДОЛЖНИ ДА СЕ ВРАЌААТ КОН ПЛАНИНАРСКИОТ ДОМ ЉУБОТЕН. ОВА ПОСЕБНО ГО ПОТЕНЦИРАМЕ ВО СЛУЧАЈ НА НЕВРЕМЕ (магла, силен ветер, суснежица) БИДЕЈЌИ ВО ТАКВИ УСЛОВИ НЕКОЈ МОЖЕ ДА СЕ ИЗГУБИ. Следи спуштање во Старо Село и заминување за Скопје. Автобусите ќе заминуваат сукцесивно еден по еден штом ќе се наполнат до последно место.

ПОТРЕБНА ОПРЕМА : планинарски кондури, кабаница за дожд, капа, ракавици, стапчиња, облека според временските услови, 1л вода. Храна од ранец. Никако немојте да дојдете во летни патики!

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ : 300 денари. За деца до 12г бесплатно. Автобусите ќе се движат по бул. Партизански одреди. Собирни места : кај ДРАМСКИ ТЕАТАР (ХОТЕЛ КАРПОШ) и КАЈ ЦУЈО (на почеток од Ѓ.Петров). СЕКОЈ УЧЕСНИК ПРИ УПЛАТАТА ЌЕ ДОБИЕ ИЗВЕСТУВАЊЕ ВО КОЈ АВТОБУС Е СМЕСТЕН (очекуваме да се наполнат 2 – 4 автобуси).

ВАЖНА НАПОМЕНА – Должност е на сите учесници да се придржуваат кон упатствата и наредбите од водичите. Движењето ќе се одвива по утврдената маркирана патека. За секое самоиницијативно напуштање на групата и движење по други патеки организаторот не сноси никаква одговорност. Заради увид во бројната состојба учесниците кои евентуално би се вратиле со друг превоз должни се да го известат водичот или шоферите на автобусите. Пожелно е да имаме тел. број од сите учесници, а сите учесници да имаат тел.број од водичот.

ВО СЛУЧАЈ НА ЈАКО НЕВРЕМЕ ЗАРАДИ БЕЗБЕДНОСТ НА УЧЕСНИЦИТЕ ОРГАНИЗАТОРОТ МОЖЕ ДА ЈА ОТКАЖЕ ИЛИ ПРЕКИНЕ АКЦИЈАТА.
ПРИЈАВУВАЊЕ и УПЛАТА ДО 6 ноември 2017.
Тел. 070 725 880, 070 268 435, 070 200-506.

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија