ЉУБОТЕН 2013

Датум на почеток:

11.10.2013

Време на почеток:

05:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Шесто, традиционално искачување по повод денот на град Скопје 13 ноември.
Организатор – ПСД Макпетрол со подршка од Градското собрание

П Р О Г Р А М А:

10 ноември 2013 (недела) – Во 06ч поаѓање на автобусите од жел.станица – паркинг пред Пошта. Автобусите ќе се движат по Булевар Партизански одреди така што пријавените кои живеат во тој дел од градот може да се качат од едно од следните 4 собирни места – кај Градежен факултет, кај општина Карпош, кај бензинска пумпа Влае 2 и кај Цујо (Ѓорче Петров).

Потребно е при уплаќањето да се наведе собирното место. Околу 8ч пристигнување во с.Старо село (700мнв). Ќе се формира колона со водичи и започнува искачување кон планинарскиот дом Љуботен (1623мнв). Во домот ќе има приготвен топол чај. По краток одмор ќе се продолжи со искачувањето до врв Љуботен (2499мнв).

Врвот ќе биде “затворен” во 14 ч. и одговорниот водич ќе започне спуштање кон пл.дом собирајќи ги попатно сите планинари кои евентуално закасниле со искачувањето.

Ова е особено важно да се почитува во случај на лоши временски услови! Уште повеќе, организаторот може во случај на изразито лоши временски услови да ја прекине акцијата. При непочитување на наредбите организаторот нема да биде одговорен за можните последици!

По спуштање од врвот во пл.дом Љуботен секој учесник ќе добие порција планинарско гравче. Затоа секој учесник треба да си носи посуда и прибор за јадење.

По ручекот започнува спуштање во с.Старо село. Автобусите ќе поаѓаат за Скопје еден по еден штом ќе бидат пополнети сите седишта во автобусот.

ЦЕНА – 300 денари.

Пријавување и уплата до пополнување на местата.

Забелешка: За родители кои ќе дојдат со своите деца – за деца до 12 години превозот ќе биде бесплатен.

Задолжителнa е соодветна облека и обувки – планинарски чевли, капа, ракавици, јакна – се оди на висина до 2500 m. Во случај на снег – задолжителна и зимска опрема.

Пријавување на е-mail или на тел. 3146-220, 070 725-880

Автор

Дејан

Скопје

Македонија