Лешница 2019

Датум на почеток:

09.01.2019

Време на почеток:

04:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Сезоната ја стартуваме со …..
Преубавата Шара која остава без здив, нуди и едно хедонистичко место наречено Лешница. Со погледи кон капестите врвови, преубавата шума и базените во пештери.
Септември е месец каде следат лесни тури за дружба и за подигнување на нивото на кондиција.

ПРОГРАМА:
– Поаѓање од пред пошта 2 на Железничка станица -Скопје во 06:00
– Со комбиња се упатуваме кон Попова Шапка
– Групата се дели на 2 дела едни што ќе го качат Плат и оние кои ќе одат дирекно на Лешница
– Групите се состануваат на седлото над горна Лешница.
– Посета на базените во карпите
– Одмор на долна Лешница
– Дозволено поставување на Хамок, лабавење.
– Упатување кон с.Бозовце во комбиња
– Пристигнување во Скопје

ОПИС НА ТУРАТА:
– Турата е СРЕДНО / ЛЕСНА и е за сите љубители на планината кои имаат качено по некоја планина ова лето.
– Од Попова Шапка до под Плат се качуваат 600 м.н.в. (Едно Водно)
– Од Плат до долна Лешница се спуштаат 900 м.н.в. (Повеќе спуштаме)
– До пештерата има уште 2км од местото на уживање.
– Во пештерата можете да се избањате ако ја издржите ладната вода
– Голем одмор на долна Лешница
– Враќање кон с.Бозовце е спуштање од 4,2км во време траење од 1:30 часа и спуштаме 450 метри.
– Вкупно пешачење во денот имаме 5 часа.
– Вкупно имаме (неполни) 19 километри.
– Турата е во еден правец се симнуваме од комбињата на Попова Шапка и не се враќаме повеќе таму, преку Лешница пешачење, се качуваме во комбињата во с.Бозовце и се упатуваме кон Скопје.

ПРИЈАВУВАЊЕ И ПЛАЌАЊЕ:
ЦЕНА за превоз е 450 денари
– Пријавување најдоцна, до 31 Август. 14:00 часот или до пополнување на местата.

ПОПАТНО ЗАСТАНУВАЊЕ
– Автобуската каj хотел Карпош,
– CityMall
– Автобуската на кружниот во Ѓорче Петров
– Кај општината во Ѓорче Петров.

ПРИЈАВУВАЊЕ КАЈ
Стефан ✆ 077/ 617 617
Дејан ✆ 071/ 212 808

ВОДИЧ НА АКЦИЈАТА
Дејан ✆ 071-212 808 – [email protected]

УПЛАТА НА Ж-Сметка
Примач : гуардианс оф нејчер – ај лав хајкинг груп маседониа
Банка : Стопанска банка – Скопје
С-ка бр: 200003122673462
***Уплата можете да извршите САМО со предходна консултација на телефоните горе.

ПОТРЕБНА ОБЛЕКА И ОПРЕМА:
– Разгазени планинарски чевли
– Капа за сонце, очила за сонце, крема со заштитен фактор.
– Облека која штити од ветер

ИСХРАНА :
– Секој сам си носи храна во ранец (суво овошје, сендвичи, жен-шен, електролити и сл.)
– вода 2л

НАПОМЕНА :
– Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици.
– Наведените планинарски акции се организирани и движењето се одвива во група предводена од организаторот и водичите.
– Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската акција доколку тој не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.
– Организаторот и водичите го задржуваат правото за измени на термините и редоследот на наведените планинарски акции, во зависност од временските услови и останати технички препреки

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија