Наслов

Лешница 2018
Локација: 
Шар Планина
Држава: 
Македонија
Датум: 
Недела, 2 Септември, 2018 - 06:00

Контакт

Име и презиме: 
I love hiking - group Macedonia

Преубавата Шара која остава без здив, нуди и едно хедонистичко место наречено Лешница. Со погледи кон капестите врвови, преубавата шума и базените во пештери.
Септември е месец каде следат лесни тури за дружба и за подигнување на нивото на кондиција.

ПРОГРАМА:
- Поаѓање од пред пошта 2 на Железничка станица -Скопје
- Со комбиња се упатуваме кон Попова Шапка
- Групата се дели на 2 дела едни што ќе го качат Плат и оние кои ќе одат дирекно на Лешница
- Групите се состануваат на седлото над горна Лешница.
- Посета на базените во карпите
- Одмор на долна Лешница
- Дозволено поставување на Хамок
- Упатување кон с.Бозовце во комбиња
- Пристигнување во Скопје

ОПИС НА ТУРАТА:
- Турата е СРЕДНО / ЛЕСНА и е за сите љубители на планината кои имаат качено по некоја планина ова лето.
- Од Попова Шапка до под Плат се качуваат 600 м.н.в. (Едно Водно)
- Од Плат до долна Лешница се спуштаат 900 м.н.в. (Повеќе спуштаме)
- До пештерата има уште 2км од местото на уживање.
- Во пештерата можете да се избањате ако ја издржите ладната вода
- Голем одмор на долна Лешница
- Враќање кон с.Бозовце е спуштање од 4,2км во време траење од 1:30 часа и спуштаме 450 метри.
- Вкупно пешачење во денот имаме 5 часа.
- Вкупно имаме (неполни) 19 километри.
- Турата е во еден правец се симнуваме од комбињата на Попова Шапка и не се враќаме повеќе таму, преку Лешница пешачење, се качуваме во комбињата во с.Бозовце и се упатуваме кон Скопје.

ПРИЈАВУВАЊЕ И ПЛАЌАЊЕ:
ЦЕНА за превоз е 450 денари
- Пријавување најдоцна, до 1-Септември. 14:00 часот или до пополнување на местата.

ПОПАТНО ЗАСТАНУВАЊЕ
- Автобуската каj хотел Карпош,
- CityMall
- Автобуската на кружниот во Ѓорче Петров
- Кај општината во Ѓорче Петров.

ПРИЈАВУВАЊЕ КАЈ
Стефан ✆ 077/ 617 617
Димитрија ✆ 077/ 525 616
Дејан ✆ 071/ 212 808

ВОДИЧ НА АКЦИЈАТА
Дејан ✆ 071-212 808 - dejan@hiking.mk

УПЛАТА НА Ж-Сметка
Примач : гуардианс оф нејчер – ај лав хајкинг груп маседониа
Банка : Стопанска банка – Скопје
С-ка бр: 200003122673462
***Уплата можете да извршите САМО со предходна консултација на телефоните горе.

ПОТРЕБНА ОБЛЕКА И ОПРЕМА:
- Разгазени планинарски чевли
- Капа за сонце, очила за сонце, крема со заштитен фактор.
- Облека која штити од ветер

ИСХРАНА :
- Секој сам си носи храна во ранец (суво овошје, сендвичи, жен-шен, електролити и сл.)
- вода 2л

НАПОМЕНА :
- Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици.
- Наведените планинарски акции се организирани и движењето се одвива во група предводена од организаторот и водичите.
- Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската акција доколку тој не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.
- Организаторот и водичите го задржуваат правото за измени на термините и редоследот на наведените планинарски акции, во зависност од временските услови и останати технички препреки

За овој настан сеуште нема пријавено гости.