Наслов

Корапски водопад 2018
Локација: 
Кораб
Држава: 
Македонија
Датум: 
Недела, 20 Мај, 2018 - 05:30

Контакт

Саше пиша: Кој бил, знае зошто.

Имавме голем клубски притисок за организација на оваа акција зошто минатата година поминавме фантастично. Прекрасна придорода, неверојатни домаќини, одлично друштво и така натаму и така наваму. Единаесетина километри по правец чисто уживање и на крајот опуштање под самиот водопад.
Едноставно, немам што да додадам, кој бил знае, кој не знае нека дојде и ќе дознае. :D

Технички податоци, пријавување најкасно до 19.05 попладне за да договориме превоз, тргање во 05:30 за да имаме време за кафенце/чајче во Маврови Анови. Цената на превозот накнадно ќе се одреди во зависност од бројката на пријавените и начинот на превозот.
Поаѓање од Рибница некаде околу седум часот (за да уживаме што повеќе на водопадот), поминување низ одлично маркирана и страшно живописна патека за околу три часа.
Храна и пијалок од ранец, вода има доволно по патот, ама за секој случај понесете си еден литар.
Почетна висина околу 955 мнв, највисоко искачени околу 1.944 метри по што следи мало слегување кон водопадот и враќање по истата патека.
Од опрема, она што вообичаено се носи во пролет во вакви временски приликли, стапчиња, кабаница, високи чевли или чизми поради можноста да се налета на змии, крема за сончање, капа (шеширче или нешто слично).

Лица за контакт:

Александар/Цули: 078/225-034
Владо/Трпе: 070/523-400

НАПОМЕНА

- Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторите и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици.
- Наведената планинарска акција е организирана и движењето и движењето се одвива во група предводена од организаторите и водичите.
- Организаторите и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и/или не ја поседува соодветната планинарска опремаза предвидената планинарска акција.
- Секој учесник може да биде ислучен поради недолично однесување.
- Организаторите и водичите го задржуваат правото на промени на термините и редоследот во зависност од временските услови и останатите технички препреки.

За овој настан сеуште нема пријавено гости.

Мапа

П В С Ч П С Н
 
 
 
 
 
 
 
4
 
5
 
6
 
7
 
 
 
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
 
18
 
19
 
20
 
21
 
 
 
 
25
 
26
 
27
 
28
 
 
 
 

На Facebook