Кога во Крушево?

Датум на почеток:

23.02.2020

Време на почеток:

03:30

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Едно дневна отворена дружба во Крушево со искачување на врвот Мусица 1791м. Дружбата е за сите категории на уживатели, од хедонисти до вљубеници на фестивали.
Дел од нашиот тим ќе биде на фестивалот со кампинг дел ќе биде на еднодневно искачување на сртот на Бушева планина.
Со ова се приклучуваме кон фестивалот When in Krusevo.

ПРОГРАМА
– Тргнување од Скопје во 05:30 часот на 23 Јуни.
– Пристигнување на местноста Слива со превозот.
– Искачување на Мусица 1791м
– Посета на манастирот на Тоше
– Симнување до Крушево, слободни активности
– Враќање кон Скопје најдоцна до 19 часот

ОПИС НА АКЦИЈАТА
– Од месноста Слива до врвот Мусица имаме искачување од 700 метри (едно цело Водно), должината е 14 км во двата правци. Со што оваа тура се класифицира во средно- лесна.
– Секој почеток мора да стартува од вакви акции.
– Задржување на врвот сликање и потоа упатување кон Манастирот изграден од Тоше Проески
– Искачувањето е по колски пат, само пред врвот е по шумска ливада. Враќањето е по срт се до манастирот од таму до возилото е по асвалт.
– Спуштање кон Крушево и дружење со остатокот од учесниците на фестивалот When in Krusevo.
Доколку имате други планови, летање со палаглајдер или посета на музеи. Задолжително е догово со водичот кога да се најдете кај превозот.
***
Доколку се решите за кампинг, ЗАДОЛЖИТЕЛНО е да земете пакет од 500ден каде ги имате сите попуст и маица од фестивалот. А со тоа што ќе одвоите средства ги потпомагате овие настани за во иднина да опстанат.

ПРИЈАВУВЊЕ, ПРЕВОЗ И ЦЕНА :
– Цената за превоз по лице е 650 денари..
– Резервацијата важи само доколку платите. Плаќање најдоцна до сабота (22 Јуни) или до пополнување на местата.
– Славко ✆ 070- 74 22 55

– четврток на #ПочниСоВодно – ПЕТОК во СквизМЕ од 17-19 и САБОТА од 13.30-15.30 часот.
– Поаѓање од пошта 2 на Железничка станица – Скопје во 05:30 часот

УПЛАТА НА Ж-Сметка
Примач : гуардианс оф нејчер – ај лав хајкинг груп маседониа
Банка : Стопанска банка – Скопје
С-ка бр: 200003122673462
***Уплата можете да извршите само со предходна консултација на телефоните горе
***Побрзо пријавување и плаќање ќе овозможи подобра организација.

Доколку одите со кампинг контатирајте го нашиот водич Иван – КИЦ
– Иван ✆ 078-31 91 98
и видете ја целата програма на линкот на фестивалот

https://www.facebook.com/events/788812511504052/

Официјална програма за недела од фестивалот.

23 Јуни 2019, недела
———————————————————

10:00-16:00 тандем параглајдинг на Мечкин Камен, екстра поволни цени за сите учеснции, летови изведени од најдобрите пилоти на Heli XC
10:00-16:00 обезбедени влезници за музеи во Крушево за секој учесник на фестивалот
13-17:00 кајак и SUP (stand up paddle board) тури на Крушевското Езеро со екстра поволни цени за сите учеснции, обезбедени од професионален тим
17:00 затворање на фестивалот

Поддржано од: Општина Крушево, NLB Banka AD Skopje, Halkbank AD Skopje и Mastercard, Hotel Panorama Spa – Krusevo, Hotel Montana – Krusevo, Adventure Park & Restaurant Woodland, Vitaminka, Викенд во Крушево

* Организаторот го задржува правото за промена на распоредот.

Повеќе детали ќе бидат објавени на нашата веб страна.

ПРАВИЛНИК ЗА УЧЕСТВО НА НАСТАНОТ “When in Krusevo”
Член 1
Секој учесник пред стартот потпишува поединечна изјава во која изјавува дека возењето на МТБ турата, планинарската тура, тандем параглајдинг, кампување, кајак, забавата на фестивалот и сите останати активности предвидени во програмата на „When in Krusevo 2019 ” се на сопствена одговорност и дека ќе ги почитува дадените опасности обележани од страна на организаторот. Целокупната одговорност е на страна на учесникот. Изјавата е валиден документ со кој организаторот може да ја потврди пред надлежни органи.
Член 2
Секој учесник треба да има со себе комплетна велосипедска опрема (кацига, заштитни ракавици, соодветна облека за возење и сл.). Возењето без кацига е на одговорност на учесникот. Организаторот на стартот на турата им соопштува на учесниците за правилата за носење на кацига. Исто така потребна е соодветна психовизичка подготвеност за планинарскте тури, исхраната е од ранец, вода најмалку 1.5л. и планинарска опрема согласно временските прилики и најавена временска прогноза.
Член 3
Организаторот не превзема никаква одговорност во случај на кражба или оштетување на личните предмети на учесниците во кампинг зоната и надвор од неа, затоа ги советува сите учесници да ги носат вредните предмети со себе.
Член 4
Учесниците прифаќаат да бидат дел од снимениот материјал (фотографии, видеа и сл) со кои подоцна организаторот ќе може да ги употреби за сопствени цели (снимање на документарци, видео клипови за настанот и сл.)
Член 5
Организаторите го задржуваат правото да направат измени на планот и програмата, особено ако тоа е поради безбедносни причини.

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија