Кобилица и Црн врв 2018

Датум на почеток:

23.02.2020

Време на почеток:

04:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Еднодневна отворена акција на пирамидата на Шар Планина наречена Кобилица 2528 метри надморска височина.

Постојат 2 опции за оваа тура.

ОПЦИЈА 1:
– Искачување на Кобилица – средно тешка тура.

ОПИС НА ТУРАТА:
Стартна точка на искачувањето започнува од с.Вејце 1160 м.н.в. Должината на искачувањето е 5,5 км, при што уште на самиот почеток започнува движење по угорнина (се препорачуваат почести паузи). Времетраењето на ова искачување е 3,5 – 4 часа, и се совладува висинска разлика од 1368 метри.
Крајна цел на искачувањето е врв Кобилица 2528 м.н.в.
Потоа турата продолжва со спуштање од Кобилица и заобиколување на Црн Врв и движење по билото со спуштање кон с.Вејце со вкупна должина од 17км.

Искачувањето на Кобилица е со остар успон и е добар тренинг за сите кои почнаа оваа година да се зацврстуваат.

ОПЦИЈА 2;
– Искачување на Кобилица и Црн Врв – тешка тура

ОПИС НА ТУРАТА:
Оваа опција е доста потешка од првата опција и се препорачува само за планинари со добра кондиција.
Групата која ќе се одлучи за опција бр. 2, откако ќе се искачи на Кобилица, се спушта со малку побрзо темпо и се упатува кон Црн Врв 2585м.н.в. Со ова искачување се совладува висинска разлика од 1810метри, со времетраење околу 5-6 часа (во зависност од кондицијата) и должина од 10,8 км.
На крај двете групи се спојуваат кај карпата на билото (2461 м.н.в) и се упатуваат кон с.Вејце. Вкупната должина на турата е 18,7 км.

ПРЕПОРАКИ::
За да се пријавите на турава потребно е минимум качување на Водно од под 1 час и 20 мин.

Правило бр. 1
Доколку се изгубите и не знаете каде да одите, треба да се чека групата, или пак доколку имате видено маркација пред да сфатите дека не сте на правиот пат, се враќате до маркацијата што сте ја одминале (ова важи за тие што не се во групата или влечат сами напред).

Правило бр. 2
Патот за со кола не е во добра состојба. Организторот не презема никаква одговорност за тие што планираат да дојдат со сопствен превоз.

ПРИЈАВУВАЊЕ И ПЛАЌАЊЕ:
ЦЕНА за превоз е 450 денари
– Пријавување најдоцна, до 15-Септември. 14:00 часот или до пополнување на местата.

ПРИЈАВУВАЊЕ КАЈ
Стефан ✆ 077/ 617 617
Димитрија ✆ 077/ 525 616
Дејан ✆ 071/ 212 808

ВОДИЧ НА АКЦИЈАТА
Стефан Перовски ✆ 077/ 617 617 – [email protected]

УПЛАТА НА Ж-Сметка
Примач : гуардианс оф нејчер – ај лав хајкинг груп маседониа
Банка : Стопанска банка – Скопје
С-ка бр: 200003122673462
***Уплата можете да извршите САМО со предходна консултација на телефоните горе.

ПОПАТНО ЗАСТАНУВАЊЕ
– Автобуската каj хотел Карпош,
– CityMall
– Автобуската на кружниот во Ѓорче Петров
– Кај општината во Ѓорче Петров.

ПОТРЕБНА ОБЛЕКА И ОПРЕМА:
– Разгазени планинарски чевли
– Капа за сонце, очила за сонце, крема со заштитен фактор.
– Облека која штити од ветер

ИСХРАНА :
– Секој сам си носи храна во ранец (суво овошје, сендвичи, жен-шен, електролити и сл.)
– вода 2л

НАПОМЕНА :
– Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици.
– Наведените планинарски акции се организирани и движењето се одвива во група предводена од организаторот и водичите.
– Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската акција доколку тој не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.
– Организаторот и водичите го задржуваат правото за измени на термините и редоследот на наведените планинарски акции, во зависност од временските услови и останати технички препреки

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија