Кобилица 2528м
Датум на почеток:
02.03.2019
Време на почеток:
05:00
Локација:
НАСТАНОТ ЗАВРШИ
else: ?>Време до почеток
Инфо
Еднодневна отворена акција на Кобилица (2528 мнв), позната како пирамидата на Шар Планина.
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ ЗА ТУРАТА:
– средно тешка тура;
– олеснување е тоа што турата е кратка;
– почетна точка на искачување е селото Вејце (1160 мнв);
– должината на патеката е 5,5 км;
– уште на самиот почеток започнува движење по угорнина, поради што се препорачуваат почести паузи;
– се совладува висинска разлика од 1368 метри;
– во зимски услови времетраењето на ова искачување е 4-5 часа.
*** При симнување надолу ќе вежбаме падови со цепин.***
*** Поради острата угорнина, искачувањето на Кобилица е добар тренинг за сите оние кои годинава почнаа да се зацврстуваат.и сакаат да одат на алпските авантури***
*** ВАЖНО ***
1. За да се пријавите на турава потребно е да имате добра кондиција (минимум искачување на Водно за помалку од 1 час и 10 мин).
2. Заради безбедност потребно е да имате ДЕРЕЗИ (без нив искачувањето е речиси невозможно). (Дерези и цепин можете да изнајмите од клубската опрема која е кај Стефанн 077 -617 617)
3. Патот не е во добра состојба, така што организаторот не презема никаква одговорност за тие што планираат да дојдат со сопствен превоз.***
4. Екипата на I love Hiking group Macedonia не одоговара за тие што се движат во сопствена режија, надвор од групата (се мисли надвор од програмата и организацијата).
ОПАСНОСТИ.
-Пролизгување поради неносење на дерези
ВОДИЧИ НА АКЦИЈАТА:
Димитрија Ристевски
контакт тел 077 -525 616
меил: [email protected]
ДРУГИ ВОДИЧИ: Војниче, Владо, Владе, Киц, Васе, Дејан, Стефан.
ЦЕНА: за превоз на турата 400 денари
Пријавување и информации најдоцна до сабота до 15:00 часот кај:
Димитрија ✆ 077 -525 616
Дејан ✆ 071-212 808
Пријавување и плаќање најдоцна до сабота 2 Февруари- 14:00 часот.
Плаќањето можете да го извршите на ж-сметка но со предходна консултација.
Примач : гуардианс оф нејчер – ај лав хајкинг груп маседониа
Банка : Стопанска банка – Скопје
С-ка бр: 200003122673462
ПОАЃАЊЕ:
– во 06:00 часот од паркингот пред Пошта 2 – Железничка станица
– попатно застанување на автобуската каj хотел Карпош, CityMall, автобуската кај кружниот во Ѓорче Петров и кај општината во Ѓорче Петров.
ПОТРЕБНА ОПРЕМА:
– разгазени планинарски чевли;
– ДЕРЕЗИ;
– планинарски стапчиња;
– капа, ракавици, топла јакна;
– облекување во слоеви;
– очила за сонце, очила за скијање.
– ЦЕПИН (опција)
ХРАНА:
– секој сам си носи исхрана од ранец (суво овошје, сендвичи, енергетски барови и сл.)
– вода 1,5 л.
– жен-шен, електролити.
*** НАПОМЕНА ***
– Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици.
– Наведените планинарски акции се организирани и движењето ќе се одвива во група предводена од организаторот и водичите.
– Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување или поради непоседување соодветна опрема наведена во описот на настанот.
– Организаторот и водичите го задржуваат правото за измени на термините и редоследот на наведените планинарски акции во зависност од временските услови и други технички препреки.
П.С. Доколку има нови или дополнителни информации, тие ќе бидат истакнати на ивентов.